Регион
Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди агресијата на НАТО врз Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ќе ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година.
Ова е неговиот одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, кој порача дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија.
„Ние сме мала земја и не сакаме да се лишиме од можноста да продолжиме со пријателствата, а на ниту еден начин не одлучуваме за судбината на Украина. Но, ако тоа е веќе така, го повикувам г. Александрович да го повика претседателот на неговата земја, Зеленски, и да го замоли вечерва на телевизија да ја осуди ужасната и трагична агресија врз Србија од страна на Соединетите Американски Држави, Британија, Германија и други земји. Ако тој го направи тоа, со задоволство ќе ја прифатам поканата и ќе одговорам на неговите барања“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“ во Монако.
Вучиќ повтори дека политиката на Србија е воено неутрална, но дека српската политика не е неутрална и дека нема да се откаже од традиционалните пријателства.
„Србија секогаш го поддржувала интегритетот на Украина и тука немало никакви промени“, додаде тој.
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на Донецк и Луганск и потпиша со нив договори за пријателство и заемна помош, а потоа ѝ нареди на руската армија да го „чува мирот“ на тие територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.