Контакт

Црна хроника

Должничко-доверителни односи причина за крвавиот инцидент во Аеродром

Објавено пред

Нерасчистени должничко-доверителни односи била причината за синоќешниот оружен инцидент во скопската населба Аеродром, кога загинаа три лица

dobivaj vesti na viber

Ова денеска го соопшти Министерството за внатрешни работи, повикувајќи се на изјавата на лицето што го извршило убиството, а кое утрово самото се предало во полиција.Официјално, синоќа биле убиени 36 годишниот Владо Милошев, кој бил припадник на МВР, 37. годишниот Јордан Јорданов и 26. годишен Влатко Андреевски. Првичните неофицијални информации се дека убиството го извршил 47 годишниот Тони Денковски од Скопје.Од изјавата на приведениот кривичното дело го извршил поради нерасчистени должничко-доверителни односи со Јордан Јорданов, кој бил вмешан во франкфуртската мафија.МВР не располага со информации како припадникот на полицијата се нашол на иста маса со другите двајца убиени. Дали тоа било случајна средба или се работело за претходно познатство, не е познато, иако од МВР тврдат дека полицаецот немал никакво криминално досие.Според министерката Гордана Јанкулоска, безбедносната ситуација во земјата не е загрозена и МВР навремено ги расчистува ваквите инциденти.Министерството за внатрешни работи денeска излезе со официјални информации за мотивите на синоќешното убиство и имињата на загинатите.„Од првичната изјава која осомничениот за убиството ја даде, се работи за должничко доверителски односи помеѓу него и еден од убиените. Нивното познанство датирало од порано и тие во повеќе наврати влегувале во должничко доверителски односи кои не биле расчистени. Како револт, според негово кажување, притисоците кои биле вршени врз него во континуитет во подолг период, се одлучил за ваков чин“ изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.МВР не располага со информации за тоа дали се работи за тоа како се нашол полицискиот службеник, кој работел во одделот за обезбедување на работно место, главен оперативен работник за обезбедување на странски делегации, заедно со останатите двајца убиени. Според МВР, цел на убиецот бил Јордан Јорданов.„МВР не располага со информации дали се работи за случајна средба или за претходно познанство од било каков тип, Понатаму во истрагата ако дојдеме до нови моменти ќе бидете благовремено информирани. Се чини, според првичните информации дека целта на убиецот бил еден од жртвите кои, како што претходно реков и претходно минувал во казнена евиденција “ изјави Јанкулоска.МВР ги истражува сите шпекулации во јавноста дека полицискиот службеник бил линк меѓу нарко подземјето и полицијата. Министерката денеска не сакаше да коментира ниту за семејните врски на убиените, односно за шпекулациите дека еден од убиените бил во блиска роднинска врска со шефот на обезбедувањето на премиерот.„МВР во континуитет ги истражува сите шпекулации кои се појавуваат во јавноста. Од проверките кои досега ги извршивме, полицискиот службеник кој почина во вчерашната престрелка нема криминално досие и претходно не е осудуван, се разбира дека наш интерес е целосно расчистување на сите настани“ изјави Јанкулоска.Осомничениот за убиството бил пријавуван само за ситни деликти. МВР не ги открива активностите што сега моментално се преземаат, ниту пак ги потврдува шпекулациите дека во моментот во Велес се вршат рации.„По однос на активностите што МВР во моментов ги презема на терен заради осетливоста на целата проблематика, во овој момент нема да ви дадеме информации но секако дека благовремено ќе ве информираме. Јордан Јорданов е лице кое и претходно е пријавувано за кривични дела поврзани со недозволена трговија со оружје и осудувано со разни казни, всушност и случајот наречен „Франкфурт мафија“ беше случај во којшто токму ова лице беше опфатено“ вели Јанкулоска.Истекот на рокот за притвор, според МВР, е причината поради која лицата кои беа вклучени во случајот „Франкфурт мафија“ се на слобода.„Токму по однос на овој случај во соработка со австриското министерство за внатрешни работи, МВР со оглед на тоа што се работи за лица кои се наши државјани, поднесе кривична пријава и на дел од лицата опфатени со таа кривична пријава им беше определена мерка притвор. Меѓутоа рокот за кој таа мерка притвор беше определена е истечен и тоа е причината поради која тие во овој момент се на слобода, односно дел од нив во други кривични дела и инциденти веќе го загубија животот“ изјави Јанкулоска.Синоќа околу 19:40 часот,  убиецот со калашников кој го носел во вреќа пукаше кон три лица кои седеле на заедничка маса со девојка во рибниот ресторан.Откако го извршил убиството, непознатиот сторител, кој спред очевидците бил средовечен маж, ја фрлил автоматската пушка, влегол во автомобил марка „Опел корса“и заминал во непознат правец. Јорданов почина на лице место, а останатите двајца, живото го загубија во ургентниот центар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман

Објавено пред

Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.

dobivaj vesti na viber

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му

Објавено пред

Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.

dobivaj vesti na viber

Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните. 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје

Објавено пред

Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет60 минути

(Видео) Се урна американски Ф-16

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет1 час

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет1 час

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет1 час

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија13 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија19 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија20 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија21 час

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија21 час

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ21 час

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет21 час

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет23 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет23 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет1 ден

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет1 ден

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет1 ден

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет1 ден

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...