Спорт
Личен рекорд за Надал, Медведев ја продолжи потерата по Ѓоковиќ

Рафаел Надал, Данил Медведев и Стефанос Циципас лесно го минаа второто коло на турнирот во Акапулко.
Надал постави личен рекорд, во дуелот со 24-годишниот Американец роден во Скопје, Стефан Козлов. Шпанецот ја забележа 12. победа од почетокот на сезоната. Никогаш претходно Надал не статувал со толку победи во една сезона.
Надал го победи Козлов со 6/0, 6/3. Негов противник во наредната рунда ќе биде Американецот Томи Пол.
Данил Медведев го продолжува походот кон првото место на АТП-листата. Рускиот тенисер со 6/1, 6/2 го победи Шпанецот Пабло Андухар. Во наредната рунда ќе игра против Јошихито Нишиока. Јапонецот се наоѓа на 103.место на АТП-листата, тој во второто коло направи изненадување со победата над Тејлор Фриц.
Стефанос Циципас ја забележа најбрзата победа во кариерата. Гркот за само 47 минути славеше со 6/1, 6/0 над Американецот Џеј-Џеј Волф. Циципас во наредното коло ќе игра против Маркос Гирон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025
Спорт
Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Ал Хилал не се откажува од ангажманот на Виктор Осимен. Нигериецот досега одби неколку понуди да се пресели во Саудиска Арабија. Последната понуда изнесуваше 30 милиони по сезона. За да го уебди Ал Хилал повторно ја зголеми понудата.
Виктор Осимен се врати во Наполи, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај. Осимен не е во добри односи со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Јасно е дека ќе го нашушти клубот, проблем за Наполи е што никој сем Ал Хилал нема намера да издвои 75 милиони евра за Нигериецот.
Од Ал Хилал се упорни, ја зголемија понудата, сега на Осимен му нудат годишна плата од 50 милиони евра.
Дали ќе ја одбие и оваа понуда ќе биде познато во наредните денови.
Спорт
Педро го продолжи договорот со Лацио

Шпанскиот ветеран Педро Родригез и на 38-годишна возраст успеа да добие нов договор.
Челниците на фудбалскиот клуб Лацио имааат целосна доверба во искусниот крилен напаѓач кој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.
Победникот на Европското и Светското првенство со Шпанија е во Лацио од 2021 година, има постигнато 34 гола на 176 натпревари.
Пред Лацио, тој помина една сезона во градскиот ривал Рома, пет години во Челзи и седум во Барселона.