Спорт
Англиски медиуми: Роман Абрамович е протеран од Велика Британија
Сопственикот на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович, доби забран за престој во Велика Британија, обајвија англиските медиуми. Абрамович, со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а британски извори тврдат дека никогаш нема да смее да се врати таму.
Имиграциските службеници наводно добиле инструкции да му забранат на Абрамович да се врати во својот дом во близина на палатата Кенсингтон. Вилата во Лондон, газдата на Челси ја платил 125.000.000 фунти. Специјална имиграциска единица работи на неговиот случај.
Абрамович е еден од 35-те руски олигарси кои опозицискиот лидер Алексеј Навални ги опиша како клучни поддржувачи на режимот на Владимир Путин во Русија. Абрамович станал израелски државјанин во 2018 година, тој пасош го користел во октомври минатат година кога влегол на територијата на Велика Британија.
Медиумите тврдат дека Абрамович повеќе никогаш нема да може да живее во Лондон. Според овие извори, тој неколку месеци не бил на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи знаел што се подготвува.
Богатството на Абрамович се проценува на 8.400.000.000 фунти. Неговиот имот вклучува недвижен имот, но и серија суперјахти, од кои само една, по име Соларис, вреди 450 милиони фунти. Абрамович никогаш немал британско државјанство.
Рускиот милијардер своето богатство го стекнал со продажба на недвижен имот и имоти кои биле во сопственост на државата пред распадот на Советскиот Сојуз.
Тој го купи фудбалскиот клуб Челзи во 2003 година. Клубот тогаш беше просечен англиски премиерлигаш, а Абрамович го направи еден од најуспешните фудбалски клубови во 21 век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.
Спорт
Петков 55-ти во велеслалом, Бразилецот Боротен ја растури конкуренцијата
Лукас Пинеиро Бротен е олимписки шампион во велеслалом, кој се возеше во Бормио. Тој го освои првиот златен олимписки медал во алпско скијање за Бразил.
Норвежанецот, кој пред две години одлучи да скија за татковината на неговата мајка, направи подвиг на Зимските олимписки игри во Италија. Со стартен број 1, тој возеше совршенa прва трака.
По првата трка, тој имаше дури 95 стотинки предност пред првиот фаворит Швајцарец Марк Одермат. Во втората, тој успеа да го издржи притисокот и да стигне до тронот со 58 стотинки повеќе во исклучително тешки временски услови. Тој ја запре штоперицата на точно 2:25.00.

Одермат не можеше да направи ништо повеќе.Во втората трка, тој имаше одличен старт, но мала грешка во средниот дел од патеката можеби го чинеше да дојде до златниот медал. Ова е неговиот трет медал во Милано, но се уште нема злато. Тој има две сребрени и еден бронзен медал во колекцијата.
Лоик Мајард, уште еден Швајцарец, заврши на најниската скала од подиумот, 1,17 секунди зад Бротен.
Во велеслаом настапи и македонскиот репрезентативец Виктор Петков. На крајот, по дете трки тој го освои 55-то место во конкуренција на 81 натпреварувач, со 23,37 секунди послабо време од победникот Бротен.
Foto/ MOK

