Економија
Тренчевска: Вработувањето на лицата со попреченост останува во фокусот
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Заедницата на заштитни друштва ЗАПОВИМ. На средбата се разговараше за нацрт-верзијата на предлог-законот за вработување на инвалидни лица. Министерката Тренчевска посочи дека текстот на законот не е конечен и дека во неговата подготовка ќе бидат вклучени и релевантни организации, партнери на МТСП, а ќе биде организирана и јавна расправа.
„Ние сакаме да дојдеме до законско решение кое ќе биде во интерес на сите. Лицата со попреченост и нивната вработливост ќе ја добијат централната улога, бидејќи ќе бидат понудени најсоодветните решенија за нивно вадење од системот на социјална заштита. Целта ни е овие лица да ги извадиме на пазарот на трудот за полесно да може да се интегрираат во заедницата. Тоа ќе го направиме заедно, преку дијалог со сите засегнати страни бидејќи само со лица оспособени за работа ќе се зголеми продуктивноста и на заштитните друштва. Во новото законско решение ќе биде вклучена и професионалната рехабилитација на лицата со попреченост за да создадеме широк дијазапон на вработлива структура“, рече Тренчевска.
Според претставниците на Заедницата на заштитни друштва во државата, со постојното законско решение инклузијата на лицата со попреченост е на задоволително ниво бидејќи 80% се вработени. Посочија дека бенефициите при вклучувањето на лицата со инвалидитет во работниот процес даваат резултати и за фирмите и за лицата со попреченост. Тие понудиле помош во изготвување на новиот Правилник во делот на професионалната рехабилитација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

