Македонија
Одржана седница на Советот за безбедност – состојбата во земјата е стабилна, но мора будно да се следи
Во кабинетот на претседателот се одржа 15. седница на Советот за безбедност, на која се разговараше за безбедносната состојба во земјата и регионот поврзана со руската агресија врз Украина.
На седницата беа присутни редовните членови на Советот: претседателот на Собранието – Талат Џафери, претседателот на Владата – Димитар Ковачевски, министерката за одбрана – Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, како и членовите именувани од претседателот: Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ и Ветон Љатифи.
По покана на претседателот, на седницата на Советот присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање, заменик-директорот на Агенцијата за национална безбедност и началникот на Генералштабот на Армијата.
На седницата линковски се вклучија и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО и амбасадорот во Киев, кои информираа за најновите случувања во Украина и за преземените активности во рамките на НАТО.
На седницата на Советот за безбедност беа осудени воените дејства што Русија ги презеде над Украина, кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета.
Членовите на Советот констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. Потребно е надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија во согласност со развојот на настаните со цел навремено дејствување.
На седницата беше информирано дека земјава има доволно стокови резерви и енергенти. Надлежните институции беа задолжени секојдневно да ги следат состојбите за да се интервенира доколку има потреба.
Во однос на македонските граѓани што се наоѓаат во Украина, државата ги презеде неопходните мерки за нивна безбедна евакуација, како и на вработените во нашата амбасада во Киев.
Како НАТО-членка, Северна Македонија е во редовна координација со алијансата и сојузниците во однос на идните активности што ќе се преземат од страна на сојузниците.
Членовите на Советот беа информирани за активностите што ги презема Владата во контекст на пакетот рестриктивни мерки на ЕУ кон кои се приклучи и Северна Македонија, а кои опфаќаат таргетирани мерки за утврден број лица од политиката и бизнисот, кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина. За нив се воведува забрана за патување во земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови на Унијата.
Советот за безбедност упатува апел до сите политички фактори за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење дезинформации, кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

