Спорт
Наместо во Русија финалето во ЛШ ќе се игра во Франција

Финалето во Лигата на шампионите нема да се одигра во Санкт Петербург. Оваа одлука претпладнево ја потврди УЕФА.
Поради воените дејствија шт ги презеде Русија во Украина, УЕФА реши да го одземе домаќинството за најзначајното финале во клупскиот фудбал.
Домаќин на финалето, на 28.мај, ќе биде стадионот „Стад де Франс“ во Париз.
Француската престолнина и овој стадион втор пат ќе бидат домаќини на завршниот меч во Лигата на шампионите. Во 2006 година, на овој терен Барселона го победи Арсенал со 2:1.
„УЕФА сака да му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за личниот ангажман и заложбата Франција да ја добие организацијата на најпрестижниот натпревар во европскиот фудбал“, наведе УЕВА во кусото соопштение.
The 2021/22 UEFA Men’s Champions League final will move from Saint Petersburg to Stade de France in Saint-Denis.
The game will be played as initially scheduled on Saturday 28 May at 21:00 CET.
Full statement: ⬇️
— UEFA (@UEFA) February 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ерлинг Халанд експресно до 50 голови во ЛШ

Норвежанецот Ерлинг Халанд постави уште еден рекорд, кој тешко дека некој ќе го достигне во блиска иднина.
Водечкиот гол за Сити против Наполи го постигна Ерлинг Халанд во 56-та минута. Тој ја искористи асистенцијата на Фил Фоден и го спречи дотогаш извонредниот голман на Наполи Вања Милинковиќ Савиќ.
Тоа беше јубилеен 50-ти гол на Норвежанецот во Лигата на шампионите, со што постави нов рекорд. Дојде до 50 голови во елитното натпреварување најбрзо во историјата на натпреварувањето, му беа потребни само 49 натпревари.
Халанд се изедначи со легендарниот Французин Тиери Анри на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња. Тие го делат деветтото и десеттото место со по 50 гола.
Норвежанецот е сè уште далеку од најдобрите стрелци во ова натпреварување, но има само 25 години и времето работи за него…
Foto/ EPA
Спорт
„Црвениот картон го уништи натпреварот, жал ми е што го заменив Де Брујне“

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше своето разочарување по поразот на неговиот тим (0:2) од Манчестер сити на „Етихад“ во првото коло од Лигата на шампионите.
Италијанскиот шампион со големи амбиции пристигна на натпреварот со „Граѓаните“, откако претходно ги забележа сите победи во Серија А, но раниот црвен картон на Џовани Ди Лоренцо ги чинеше подобар резултат во Англија.
Капитенот на Наполи доби директен црвен картон во 21-та минута, што имаше доста влијание врз текот на играта. Сити победи со головите на Ерлинг Халанд и Џереми Доку во второто полувреме.
„Чувствувам горчлив вкус во устата. Имам впечаток дека и играчите се чувствуваат така, бидејќи сите сме разочарани. Се подготвувавме за натпреварот како што сакавме да играме во првите 20 минути, а црвениот картон го уништи натпреварот. Дали беше оправдан црвен или не, не знам… Но, секако беше тешко да се игра со Манчестер и со еднаков број на играчи на теренот. По црвениот картон, беше невозможно. Да останевме со 11 играчи на теренот, немаше да им биде лесно“, рече Конте.
Очигледно, пресвртницата во натпреварот беше црвениот картон на Ди Лоренцо, кој го остави Наполи со играч помалку поголемиот дел од натпреварот. Таквиот развој на ситуацијата го принуди Конте да го замени Кевин Де Брујне од теренот за да создаде рамнотежа во тимот.
„Понекогаш ѓаволот се меша, има суров пресврт на судбината. Минатата година имавме само еден црвен картон. Денес играме во Лигата на шампионите, а по дваесет минути сме со играч помалку. Ми беше жал што го заменив Кевин немаше задоволство да игра на својот стар стадион против својот поранешен клуб.“
Foto/ EPA
Спорт
Само шест клуба во Европа имаат полни стадиони

Само шест клуба во Европа ги распродадоа стадионите од почетокот на сезоната на секој натпревар што го играа.
Дури четири екипи доаѓаат од Германија, која очигледно има најлојални навивачи. Еден од нив е најдобриот тим во оваа земја, Баерн Минхен, кој досега играше против Лајпциг, Хамбургер и Челзи на домашен терен. Сите натпревари Баварците ги одиграа пред 75.024 гледачи, колку што може да собере величествениот стадион на германскиот шампион.
Со фантастична посета може да се пофали и Борусија Дортмунд и покрај тоа што досега одигра само еден меч пред домашната публика. Капцитетот на стадионот во Дортмунд изнесува 81.365 седишта.
Уште два германски клуба се во оваа категорија, Хајденхајм (капацитет на стадионот 15.000 седишта) и Сент Паули (29.546 седишта).
Уште два европски клуба се протнаа во тоа друштво. Првиот е англискиот гигант Арсенал, чии „Емирати“ имаа максимален број посетители во дуелите против Лидс и Нотингем Форест, по 60.704 гледачи.
Другиот е од Холандија, НЕЦ Најмеген, чиј „Гоферстадион“ беше полн во дуелите против Екселсиор, Бреда и ПСВ, со капацитет од 12.650 седишта.