Спорт
Конте не си оди од Тотенхем, но признава: Не сум навикнат да губам
Антонио Конте се извини за заканите за заминување од Тотенхем по разочарувачкиот 1:0 пораз од Барнли во средата и побара неговите фудбалери да бидат лути на ист начин како што тој е лут по разочарувачкиот резултат.
Италијанскиот тренер, познат по импулсивните одлуки за заминување од претходните клубови во кои работел, по четвртиот пораз во последните пет меча изјави дека можеби не е вистинскиот човек за клубот, но сега вели дека не мисли да си оди.
„Не сум блиску до заминување. Моите зборови беа многу, многу јасни и кажав дека не е нормално во последните пет меча да губиме четирипати. Кога ќе се случи ваква ситуација, мораш да направиш процена зошто тоа ти се случува и да бараш одговор. Нормално е бидејќи јас не сум научен да губам на ваков начин и кога бев фудбалер и сега кога сум тренер. Имам големи надежи за моите фудбалери и клубот. Сега е време да се работи напорно. Ги повторувам истите работи – потребни ни се време и трпение. Клубот знае каква е нашата ситуација и задоволни се од работата, но за четири месеци не ги сменивме сите работи. Сакам моите фудбалери да се лути како мене и да го искористат тоа“, вели Конте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хелмут Марко за Ф1-сезоната: Пресуди факторот Макс
Макс Ферстапен неодамна ја освои својата четврта последователна шампионска титула во Формула 1.
Хелмут Марко, еден од советниците во Ред Бул, истакна дека пресудни биле неверојатните возачки квалитети на Холанѓанецот.
„Ако ги погледнете последните шест месеци, јасно е дека и Мекларен и Ферари беа побрзи од нас. Сепак, Ферстапен успеа да ја неутрализира разликата со одлично возење. Го имавме тој Макс фактор“, вели Марко.
Како клучен момент ја издвојува победата на Ферстапен на дождот во Бразил, кога триумфот го оствари од 16. место.
„Тоа беше неверојатно возење, доказ дека Макс е пред сите. Помогна тоа што и покрај проблемите со болидот, немавме многу технички грешки во текот на трката“, заклучи Марко.
Спорт
Фјури: Во секоја рунда ме ограбија
Британскиот боксер Тајсон Фјури уште еднаш повтори дека неправедно ја загубил борбата за светската титула против Олександр Усик.
Украинецот борбата во Ријад, по 12 рунди ја доби со едногласна одлука на судиите. Тројцата судии борбата ја бодуваа со 116:112. Фјури тврди дека судиите му ја украле победата.
„Во секоја е.ена рунда ме ограбија. Да го е.ам сите! Мислев дека победив со најмалку три рунди. Целата борба бев на предната нога. Ќе ви кажам што ќе се случи, можете да дбиете во овие држави“, рече Фјури, пренесува „Дејли Мејл“.
Што вели статистиката од борбата. Усик упатил 423 удари, 42 отсто од ударите го погодиле противникот. Фјури имаше уште 86 удари повеќе (509), но со далеку помала стапка на успех, само 28 отсто го погодиле противникот.
Инаку, ова беше втора победа за Усик оваа година над Фјури, по што ги задржа појасите во три различни категории (ВБЦ, ВБА и ВБО).
Спорт
90 min: Внисисус најдбар во Примера во 2024 година
Новинарите од шпанското издание на порталот „90min“, ги избраа и рангираа десетте најдобри фудбалери во Ла Лига оваа година.
Во текстот под наслов „Десетте најдобри играчи во Ла Лига во 2024 година – Рангирање“ се потсетува дека во првиот дел од годината Реал Мадрид ја освои титулата во шпанското првенство, а дека во финшот на годината имаат конкуренција од Атлетико и Барселона.
Реал Мадрид во 2024 година ги освои трофеите во Примера, Лигата на шампионите, Супер купот на УЕФА и Интерконтинеталниот куп.
Најдобар играч во Ла Лига, спроед новинарите на „90min“ е Винисиус Жуниор, добитник на наградата „Најдобар“ на ФИФА и второ рангиран во изборот за „Златната топка“.
Најдобрите играчи во Ла Лига за 2024 година, избрани од „90min#:
1. Винисиус |униор (Реал Мадрид)
2. Џуд Белингем (Реал Мадрид)
3. Ламин Јамал (Барселона)
4. Роберт Левандовски (Барселона)
5. Рафиња (Барселона)
6. Лука Модриќ (Реал Мадрид)
7. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид)
8. Артем Довбик (Xирона)
9. Александар Сeрлот (Виљареал, Атлетико Мадрид)
10. Нико Вилијамс (Атлетик Билбао)