Спорт
Кошаркарите на БиХ одбиваат да гостуваат во Литванија
Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина нема да патува на гостувањето во Литванија во меч од квалификациите за СП 2023 иако Светската кошаркарска федерација (ФИБА) им го отфрли барањето да се одложи мечот закажан за недела на 27 февруари, јавуваат медиумите од БиХ.
Од Кошаркарскиот сојуз посочуваат дека патувањето во држава што се граничи со Русија и Белорусија, две земји што се вклучени во конфликтот во Украина, едноставно е преризично.
„Никој не може да нѐ убеди дека ова не е вистинска одлука. Не е е време нашата репрезентација да оди во ризичен регион. Тоа е ставот на Сојузот, стручниот тим и на кошаркарите. Медимите јавуваат за вонредна состојба во Литванија. Не знаеме каква казна ќе донесат од ФИБА, но во моментот поважна е безбедноста на нашите кошаркари“, велат од Федерацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ибрахимовиќ му се извини на Паоло Фонсека
На претставувањето на Серхио Консеисао како нов тренер на Милан, спортскиот директор на клубот Златан Ибрахимовиќ му се извини на претходниот тренер Пауло Фонсека, за она што клубот му го приреди на заминувањето.
Фонсека забележа 12 победи, 6 нерешени и 6 порази во 24 натпревари во сите натпреварувања.
И покрај тоа што веднаш по мечот со Рома (1:1) знаеја дека ќе го заменат, челниците на Милан му дозволија на Фонсека да се појави на прес-конференцијата, за што Ибрахимовиќ се извини.
„Максимална почит за Пауло Фонсека. Тој не можеше да продолжи поради резултатите, кои се од суштинско значење за Милан. Одлуката ја донесовме по натпреварот и направивме грешка што го испративме на прес-конференција, му се извинуваме на Пауло и на навивачите. Одговорноста не е само на тренерот, таа мора да се сподели со сите“, изјави Ибрахимовиќ.
Новиот тренер на Милан, Консеисао во текот на кариерата играше за градскиот ривал на Милан, Интер, а своето деби во Суперкупот на Италија ќе го има на 3 јануари против Јувентус, за кој настапува неговиот син Франциско.
Спорт
Чофениг победи во Гармиш, Хајбек постави нов рекод на скокалницата
Фантастични две серии понуди втората станица на 73.издание на Новогодишната турнеја. Во Гармиш-Партенкирхен, Мајкл Хајбек го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата (145 метри), а Даниел Чофениг триумфираше и го презеде првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, а исто така се искачи и на лидерската позиција во Светскиот куп.
Чофенинг победи со скоковите од 141,5 и 143,5 метри и стигна до 298,8 поени. Второто место со 290,3 поени го освои Швајцарецот Дешванден, додека на најниското скалило на подиумот се искачи уште еден Австриец, Михаел Хајбок. Словенецот Анже Ланиншек го освои четвртото место.
По натпреварите во Оберстдорф и Гармиш, првото место во поредокот на турнејата го презеде Чофениг (622,5), пред Јан Херл (614,6) и Штефан Крафт (613,8).
Чофенинг го презеде водството и во поредокот на Светскиот куп со 796 бодови, два повеќе од Германецот Пиус Пашке, додека на третото место е Австриецот Јан Херл со 756 бодови.
Спорт
(Видео) Дуото НН го заврши настапот на турнирот во Бризбејн
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос го завршијасвојот настап во игра на двојки на турнирот во Бризбејн. Во спектакуларен меч дуото НН загуби од Мајкл Венус (Нов Зеланд) и Никола Мектиќ (Хрватска) со 2:6, 6:3, 8:10.
Првиот сет го обележа доминантна игра на Хрватот и Новозеланѓанецот, кои ги искористија грешките на ривалите. По изедначениот старт Мектиќ и Венус го брејкнаа сервисот на Кирјиос и го добија сетот со 6:2.
Во вториот сет Ѓоковиќ и Кирјиос го подигнаа нивото на игра и направија пресврт. Брејк на сервис на Венус им донесе водство, а со сигурни сервиси го добија сетот со резултат 6:3
Решавачкиот супертај брејк донесе драма. Ѓоковиќ и Кирјиос водеа со 7:4 и 8:6, но Мектиќ и Венус направија пресврт и го добија мечот.
Мектиќ и Венус одиграа сериозно и сконцентрирано, а Ѓоковиќ и Кирјиос приредија вистинско шоу, дури и танцуваа, со што ја подигнаа атмосферата во публиката.
January 1st and we already have a point of the year contender 🤯@DjokerNole | @NickKyrgios | @NMektic | @BrisbaneTennis | #BrisbaneTennis pic.twitter.com/yhfhb9XeL4
— ATP Tour (@atptour) January 1, 2025