Спорт
Лејкерси потонаа во финишот – Клиперси го добиа ЛА дербито
Клиперси добија уште едно градско дерби. Славеа над Лејкерси со 105:102. Ноќта во НБА лигата го обележаа натпреварот Вашингтон-Сан Антонио и кошаркарот на Њујорк Никс, Ар Џеј Берет.
Лејкерси, во градската пресметка, водеа со пет поени разлика на две минути до крајот, на крајот останаа без победата. Клиперси во финишот ги користеа своите напади, Лејекрси не. На три секунди до крајот Клиперс дојдоа до предност од три поени, тројка за продолженија промаши Леброн Џејмс.
Џејмс го предводеше својот тим со 21 поен и 11 скока, по 18 поени постигнаа Расел Вестбрук и Кармело Ентони. Теренс Ман со 19 поени и 10 скока, односно Лук Кенард со 18 и Реџи Џексон со 17 поени се истакнаа кај Клиперси. Мајами до победата го предводеа Тајлер Хироу со 25 и Џими Батлер со 23 поени.
Мајами Хит ги поразија Њујорк Никс со 115:100, во натпревар во кој Берет забележа рекорд во кариерата. Играчот на Никс дуелот го заврши со 46 поени.
Сан Антонио и Вашингтон играа продолженија, победија Спарс со 157:153. Џекосн постигна 32 поени, а Мареј забележа 31 кош, 13 скока и 14 асистенции за Сапрс. Кај Вашингтон со 36 поени се истакна Кајл Кузма.
Резултати:
Шарлот-Торонто 125:93
Индијана-Оклахома 125:129
Орландо-Хјустон 119:111
Минесота-Филаделфија 102:133
Финикс-Њу Орлеанс 102:117
Јута-Далас 114:109
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.
Спорт
Математиката на Челси, Лукаку+пари = Виктор Осимен
Ромелу Лукаку (30), по три сезони минати во Интер и една во Рома, во Серија А би можел да го облече дресот на Наполи.
Белгиецот изминатите две сезони настапува како позајмен, во Интер и Рома. Доколку се пресели во Наполи тој би бил дел од трансферот на Виктор Осимен.
Италијанските медиуми најавуваат дека 25-годишниот Нигериец следното лето би можел да го засили Челзи во трансфер вреден меѓу 80 и 90 милиони евра и дека Лукаку ќе послужи како своевидна „доплата“ во таа „зделка“.
За Осимен се заинтересирани и саудиските клубови, па Челзи ќе мора да му понуди голема плата доколку сака да го обезбеди потписот на нигерискиот репрезентативец.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез го декласираа Њујорк Ред Бул
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана првиот играч во историјата на МЛС со пет асистенции на еден натпревар.
Меси го растури Њујорк Ред Бул со гол и пет асистенции. Интер славече победа 6:2.
Домашниот тим со пресврт дојде до седмата победа оваа сезона, откако Њујорк поведе во 30. минута преку Данте Ванзеир.
Матијас Рохас израмни во 48. минута, а Меси погоди две минути подоцна.
Рохас ја затресе мрежата на гостите во 62. минута, а Луис Суарез постигна хет трик во финишот.
Погоди во 69., 75. и 81. минута, а Њујорк Ред Бул постигна уште еден гол во седмата минута од судиското надополнување преку Емил Форсберг од белата точка.
Интер е прв во Источната конференција со 24 бодови, додека Њујорк Ред Булс е четврти со 17 бодови.