Спорт
Во знак на протест Шенгелија замина од ЦСКА

Грузиецот Торнике Шенгелија го напушти кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва. Шенгелија на ваков начин реагираше по рускиот напад врз Украина.
Руските медиуми објавија дека тој со семејството заминал во Шпанија, а од клубот порабал раскин на договорот.
„Донесов одлука веднаш по нападот на Украина. Не можам да играм за тимот на руската армија“, објави Шенгелија.
На овој начин ЦСКА, во финишот на сезоната остана без еден од најдобрите играчи. Грузиецот во 2020 година од Басконија се пресели во Москва.
Не познато дали тој кариерата ќе ја продолжи во Шпанија или ќе паузира до крајот на сезоната.
Сезонава во Евролигата, Шенгелија има просек од 12,7 поени, 4,7 скока, 2,5 асистенции и една блокада по натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сабаленка ја освои првата голема титула како број 1 на Мастерс 1000 во Мајами

Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка ја освои титулата на Мастерс во Мајами, победувајќи ја домашната тенисерка, Џесика Пегула во два сета 7:5, 6:3.
За Белорусинката ова е 19. ВТА титула во кариерата, осма на Мастерс турнирите и прва во Мајами. Сепак, можеби најважно, ова е прва голема титула (Гранслем, Мастерс, ВТА финале) за Сабаленка како број 1. Оваа година таа играше две големи финалиња како број 1 во Мелбурн и Индијан Велс, но ги загуби и двете. Сега беше трета среќа.
Ова беше прва пресметка на двете тенисерки по финалето на УС Опен. Оттогаш Пегула одигра уште три финалиња и може да се каже дека го игра можеби тенисот во кариерата. Но, тоа не беше доволно за актуелната најдобра тенисерка на светот.
Спорт
(Видео) Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ

Лионел Меси беше стрелец за Мајами во победата од 2-1 над Филаделфија, а голот го прослави во тениски стил.
Меси беше надвор од терените од 16-ти март поради повреда, ги пропушти меѓународните натпревари со националниот тим, а веднаш по враќањето, тој покажа колку е решителен на теренот.
За многумина овојпат беше помалку важно како Меси го постигна голот, туку како го прослави. Инспирација му беше Новак Ѓоковиќ, со кого неодамна се сретна на турнир во Мајами, каде Новак стигна до финалето.
Lionel Messi dedicates his Goal to Djokovic by celebrating like Djokovic’s forehand shot! 😍
— MC (@CrewsMat10) March 30, 2025
Потоа се сликаа, се дружеа, разговараа, а по голот против Филаделфија, Меси уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон најдобриот на сите времиња – го прослави голот симулирајќи удар со форхенд.
Новак дефинитивно ќе биде среќен кога ќе види колкава почит има од оној што многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња и како тоа му го покажува на целиот свет.
Голот на Меси против Филаделфија беше негов втор сезонава во МЛС лигата.
Спорт
Лудница на стартот и нова сприт победа на Марк Маркез

Марк Маркез продолжува да доминира во класата Мото ГП, а по спринтот на патеката Остин го има максималниот учинок во новата сезона, 5 од 5.
Маркез, победи на третата спринт трка од почетокот на сезоната, во која перфектно влезе бидејќи има и две победи во главните трки.
Спринт трката во САД имаше бурен старт, Бањаја успеа брзо да се пробие од шестата на лидерската позиција… Но Италијанецот не издржа долго во битката со браќата Маркез.
Набрзо се беше решено, борбата меѓу двајцата возачи на Дукати беше кратка, Марк го зазеде првото место, а зад него се најде неговиот помлад брат Алекс, па Бањаја мораше да се задоволи со третото место.
Фабио Ди Џанантонио се најде на четвртото место пред неговиот тимски колега Франко Морбидели.
Фабио Квартаро може да биде задоволен со шестата позиција, а зад него е Педро Акоста. Потоа следеа Лука Марини, Аи Огура и Марко Бецеки.
Главната трка се вози во недела од 21:00 часот.