Македонија
13 починати лица, регистрирани 473 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.146 тестови, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје –255, Битола – 31, Куманово – 25, Прилеп – 23, Кавадарци и Велес – по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип – по 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Гостивар и Струга – по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево – по 2, Дебар – 1.
Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 реинфекции.
Регистриран сe 775 оздравени пациенти од: Скопје –454, Куманово – 55, Битола – 54, Струмица – 26, Тетово – 25, Прилеп – 20, Кичево – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Велес- по 14, Гостивар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Крива Паланка – 6, Струга, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Богданци и Кратово – по 4, Делчево – 3, Берово, Валандово, Виница, Крушево и Пехчево – по 2, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.146 тестови преку: ИЈЗ-280, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–127, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-104, Биотек-133, Систина-62, лабораторија Лаор – 152, Синлаб-20, Ремедика-13, Плодност-28, Генеа – 16, Никоб Лаб – 281, ВФВ Медикал – 57, Ели Медика – 35, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.411.
Досега во земјата се направени вкупно 1.886.706 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.703, бројот на оздравени пациенти е 283.411, на починати е 8.994, а бројот на активни случаи изнесува 4.298.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 137649, Активни 2304
Куманово 16154, Активни 165
Битола 14240, Активни 243
Прилеп 13564, Активни 188
Тетово 13373, Активни 115
Кавадарци 10143, Активни 190
Велес 9443, Активни 207
Гостивар 9376, Активни 58
Охрид 8509, Активни 111
Струмица 7923, Активни 81
Штип 7908, Активни 49
Кичево 5409, Активни 90
Кочани 4934, Активни 34
Струга 4650, Активни 49
Гевгелија 4218, Активни 75
Неготино 3620, Активни 59
Свети Николе 2624, Активни 19
Ресен 2582, Активни 42
Радовиш 2504, Активни 41
Крива Паланка 2375, Активни 33
Делчево 1891, Активни 14
Берово 1709, Активни 6
Дебар 1624, Активни 28
Валандово 1526, Активни 15
Виница 1362, Активни 2
Пробиштип 1285, Активни 5
Богданци 995, Активни 18
Кратово 928, Активни 7
Крушево 883, Активни 11
Демир Хисар 821, Активни 12
Македонски Брод 691, Активни 11
Демир Капија 554, Активни 12
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 458, Активни 2
Дојран 257, Активни 0
Вкупно 296703, Активни 4298
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Наследството на Св. Климент Охридски нè потсетува дека истрајноста е решение за секој предизвик и патоказ кон напредок
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитика до граѓаните по повод денешниот голем државен празник Свети Климент Охридски, кој истовремено е и патронен празник на бројни државни институции и установи во државава, меѓу кои и НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
“Денеска, оддаваме почит и го славиме делото на патронот на македонската култура и духовност, Свети Климент Охридски.Како ученик на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во поставувањето на темелите на македонската писменост и создавањето на првото словенско писмо, и тоа е врежано во нашиот македонски идентитет.
Влогот и упорноста на Свети Климиент Охридски да ја шири писменоста и во време на прогонства, се потсетник дека силата на еден народ лежи во неговата писменост, култура и образование.
Наследството на Свети Климент Охридски нè потсетува дека истрајноста е решение за секој предизвик и патоказ кон напредок.
Ние ја продолживме светиклиментовата мисија, и денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот, рамноправен со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН.
Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент Охридски” , стои во честитката на Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,по повод денешиот празник упати честитка и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиј патрон е Свети Климент Охридски, како прв словенски епископ на просторите на Југоисточна Европа.
Македонија
(Видео) Кузеска: Го следиме трагот на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ
Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно, изјави портапролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма“, рече таа.
Кузеска кажа дека антикорупцискиот тим на СДСМ го следел трагот на парите.
„Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ. 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така. Семејна фирма, семејни донации. Се е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, рече Кузеска.
Таа додаде дека ДКСК и Јавното обвинителство не треба да молчат туку треба да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.

