Македонија
Седуммина починати и 378 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.560 тестови, а регистрирани се 378 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје –178, Куманово – 25, Битола – 23, Велес -21, Прилеп – 20, Кавадарци- 19, Тетово – 14, Штип и Кичево по 9, Охрид и Ресен по 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Неготино, Богданци и Струга по 5, Свети Николе – 4, Струмица, Крива Паланка и Дебар по 3, Кочани – 2 и еден заразен во Делчево.
Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции.
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати од Скопје (70, 70, 71 и 77 години) и по едно починато лице од Битола (82), Кратово (63) и Охрид (90). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Кај сите седум лица биле регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа регистрирани сe и 432 оздравени пациенти од: Скопје – 261, Битола – 28, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Охрид – 16, Велес – 15, Прилеп – 12, Тетово – 8, Неготино и Кочани по 6, Гостивар – 5, Ресен, Гевгелија, Струга и Струмица по 4, Кичево и Радовиш по 3, Крива Паланка – 2 и по еден оздравен од Штип, Богданци, Свети Николе, Дебар, Берово, Кратово, Крушево, Македонски Брод и Дојран.
Направените 2.560 тестови се преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-6, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-63, Биотек-83, Систина-50, лабораторија Лаор- 136, Синлаб-4, Плодност-33, Генеа- 7, Никоб Лаб-204, ВФВ Медикал- 39, Ели Медика- 20, Ројал Медика–11, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–12, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.175.
Досега во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на кови – дијагностицирани почетокот на епидемијата изнесува 297.081, бројот на оздравени пациенти е 283.908, на починати е 9.001, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 138130, Активни 2216
Куманово 16125, Активни 172
Битола 14262, Активни 237
Прилеп 13581, Активни 181
Тетово 13359, Активни 121
Кавадарци 10123, Активни 173
Велес 9425, Активни 199
Гостивар 9357, Активни 60
Охрид 8528, Активни 103
Струмица 7901, Активни 79
Штип 7884, Активни 57
Кичево 5417, Активни 95
Кочани 4950, Активни 31
Струга 4655, Активни 50
Гевгелија 4220, Активни 71
Неготино 3618, Активни 50
Свети Николе 2598, Активни 18
Ресен 2590, Активни 46
Радовиш 2469, Активни 38
Крива Паланка 2373, Активни 34
Делчево 1892, Активни 15
Берово 1709, Активни 5
Дебар 1628, Активни 30
Валандово 1467, Активни 14
Виница 1360, Активни 2
Пробиштип 1279, Активни 5
Богданци 998, Активни 18
Кратово 927, Активни 6
Крушево 884, Активни 10
Демир Хисар 820, Активни 12
Македонски Брод 692, Активни 9
Демир Капија 561, Активни 11
Македонска Каменица 520, Активни 2
Пехчево 459, Активни 2
Дојран 320, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.
Македонија
Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја напушта коалицијата Вреди. Тој истакна дека останува член на партијата Алтернатива и дел од коалицијата Вреди, истовремено потенцирајќи дека како собраниски спикер ќе продолжи да ги извршува своите обврски согласно уставните надлежности.
„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Вреди. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратенички групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам“, напиша Гаши.
По неодамнешните несогласувања со Арбен Таравари, лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, од коалицијата Вреди најавија нов чекор кон поголемо политичко единство. Според најавите, следната недела ќе започне процедурата за создавање на единствена политичка партија што ќе ги обедини постојните партии од оваа коалиција.
Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, во интервју за емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија, изјави дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, програма и советнички листи за претстојните локални избори.
Македонија
Фетаи жестоко го нападна Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство, додека замижувавте пред злосторства

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека само Арбен Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Владата се понижувачки. Фетаи го обвини Ахмети за лицемерие и му порача дека тој „не е ничиј слуга“.
„Ахмети рече дека Арбен Таравари разбрал оти Албанците во Владата го понижиле и девалвирале својот народ. Колку дрско лицемерие. Ахмети, јас не сум ничиј слуга. Чувајте го овој епитет за себе, вие кои посветено им служевте на антиалбанските сили и го легитимиравте секое злосторство врз Албанците“, напиша Фетаи на социјалните мрежи.
Тој постави и неколку директни прашања до Ахмети, обвинувајќи го за молк и неактивност во клучни моменти за албанската заедница.
„Каде бевте кога вашите министри уапсија мајка и ќерка Албанка лажно обвинети за исламистички тероризам? Дали некогаш сте проговориле кога државните структури убиваа албански патриоти? Дали кренавте прст кога толпи хулигани тепаа Албанци по улиците на нашите градови? Каде беше тогаш вашето достоинство?“, праша Фетаи.
Во неговата реакција, Фетаи го обвини лидерот на ДУИ дека ја прифатил агендата на ВМРО-ДПМНЕ и ги изневерил интересите на Албанците.
„Ти си тој што дозволи институциите финансирани од нашите даноци да ги навредуваат Албанците на национална основа. Ти си тој што прифати „Скопје 2014“ како национален проект и лавот на ВМРО-ДПМНЕ како илирски симбол. Замижувавте пред манипулациите со пописот. Испразнивте цели региони од Албанци. Никогаш во историјата немало поголемо понижување, повеќе предавство и мизерија отколку за време на вашето мрачно владеење“, порача Фетаи.
Според него, ДУИ единствено успеала во „збогатување на тесен круг луѓе“, додека народот, како што рече, останал да страда.
„Албанците не забораваат. Албанците не простуваат. Вашиот проблем е сметката – и таа ви тропа на врата“, заврши Фетаи.