Спорт
По одличниот старт, нов пораз од Грузија
Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, откако по одличниот старт на мечот, не го изддржавме темпото и бевме поразени од Грузија со 65:79 (21:18, 14:26, 17:15, 13:21).
Со Ненад Димитријевиќ како лидер, имавме одличен почеток, но Грузијците направија серија од 10:0 во втората четвртина за на полувреме гостите да отидат со 35:43 предност. По израмнетата борба на почетокот на второто полувреме, Грузијците го заддржаа водството и стигнаа до победа.
Димитријевиќ заврши со 25 поени како најефикасен на мечот, Војдан Стојановски додаде 13, а Џејкоб Вајли застана на 10. Тадус Мекфеден повторно беше најефикасен за Грузијците со 24 поени, а Гиорги Шемардини имаше 13.
Фото: ФИБА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски го објави списокот за Летонија и Ерменија
Фото/ ffm.mk
Благоја Милевски, селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави сисокот за претстојните два натпревари во Лигата на нации. Македонија за противници ќе ги има Летонија и Ерменија.
Во октомврискиот циклус Македонија ќе гостува во Рига на 10.октомври и во Ереван три дена подоцна.
На списокот на селекторот Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери. Во однос на претходните натпревари ново име на спиското е Андреј Стојчевски. Фудбалерот на Жилина е повикан поради суспензијиите а Серафимов и Зајков.
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)
Собриот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје. Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација на воведните два натпревари одигра нерешено (1:1) на гостувањето во Фарски Острови и ја победи Ерменија во Скопје (2:0).
Спорт
(Видео) Трета „седумка“ во мрежата на Селтик во последните седум сезони
Шкотскиот великан Селтик во првото коло го победи Слован со 5:0, но синоќа во од Дортмунд беа испратени со седум гола во мрежата на Харт. Поразително за европскиот великан звучи фактото дека во последните седум сезони во Лигата на шампионите, три пати примиле седум, а еднаш шест гола на натпревар.
Барселона во сезоната 2016/17 ги победи со 7:0, една година подоцна загубија од ПСЖ со 7:1, минатата сезона Атлетико ги совлада со 6:0, а оваа година Дортмунд со 7:1.
Адејеми постигна хет-трик во првото полувреме и стана вториот германски играч (по Марио Гомез) кој го направил .
„Имаше моменти на мрачна комедија во мрачната ноќ кога менаџерот Брендан Роџерс седна да го процени безмилосното демонтирање на неговиот тим“, пишуваат англиските медиуми, со посебен саркастичен осврт на изјавата на менаџерот по натпреварот:
„Не бевме најдобри“…
Дортмунд ја искористи сета наивност во играта на Селтик и многубројните грешки, па крајот на натпреварот не ја отсликува вистинската ситуација. Селтик можеше да прими и двоцифрен број на голови.
„Се обидовме да играме, но бевме премногу отворени и направивме премногу грешки. Примивме лесни голови. Тешко е да се достигне нивото што го покажа Дортмунд“, изјави Брендон Роџерс, кој претрпе неколку високи порази во Европа во последните сезони.
Спорт
Фудбалер на Манчестер сити уапсен за кражба на телефон
Полицијата во Мадрид го приведе играчот од средниот ред на Португалија и Манчестер сити, Матеус Нуњез бидејќи му го украл телефонот на 58-годишен маж во ноќен клуб во главниот град на Шпанија.
Нуњез бил приведен од двајца полициски службеници. Нему му е одреден повеќечасовен притвор, а откако дал изјава е пуштен на слобода.
Наводно Нуњез му го одзел телефонот на човекот што го фотографирал во тоалетот. Настанот се случил на почетокот на септември и португалскиот фудбалер сега го чека судење.
Тој минатата година пристигна во Манчестер сити во трансфер вреден 62 милиони евра од Вулверхемптон. Годишно заработува осум милиони евра.
Португалецот во вторникот вечерта стартуваше во победата од 4:0 против Слован Братислава во Лигата на шампионите. Ги одигра сите 90 минути.