Македонија
СДСМ го напаѓа ревизорот што тие го поставиле, велат од Општина Гази Баба
Од Општина Гази Баба велат дека СДСМ втор ден се обидува да манипулира со јавноста и граѓаните, со тоа што лажат дека градоначалникот Бобан Стефковски го назначил лицето Добри Петров за ревизор.
„Лицето Добри Петров бил вработен како советник – внатрешен ревизор, во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 22.4.2016 година, а претходно соработник за стручно-административни работи во областа на внатрешната ревизија од 1.10.2012 година и помлад соработник, ревизор на обука од 2.3.2012 година, долго време пред Бобан Стефковски да биде избран за градоначалник на општина Гази Баба (во прилог решенија за распоредување од 2012 и 2016 година).
Лага е дека Добри Петров правел ревизија на детската градинка „Детска радост“ по именувањето за в.д директор на ЈКП „Гази Баба“. Ревизијата е спроведена во период додека лицето Добри Петров било вработено во Општина Гази Баба, а именувањето за в.д. директор на ЈКП „Гази Баб“ е направено на 4.1.2022 година, со што од тој ден работното место советник во одделението за внатрешна ревизија му е ставено во мирување во согласност со законот.
Лага е дека е прекршен членот 36 од Законот за јавната внатрешна финансиска контрола. Лицето Добри Петров било вработено на позицијата советник во одделението за внатрешна ревизија исполнувајќи ги условите пропишани во член 36 став 3 од Законот за јавната внатрешна контрола“, се вели во реакцијата на Општината.
Од кабинетот на градначалникот Стефковски додаваат дека СДСМ манипулира со јавноста, а дека за време на целиот мандат на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ – Борис Георгиевски, Добри Петров вршел ревизија и доставувал извештаи лично до Георгиевски.
„Лагите и манипулациите од СДСМ нема да ја запрат обновата на општина Гази Баба. Во изминатите над 100 дена од мандатот на градоначалникот Стефковски се реализираа 39 проекти, а со реализација се почнати над 20 проекти. Гази Баба се гради и менува и тоа ќе продолжи и во следниот период“, порачаа од Општина Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

