Црна хроника
Нова кривична пријава против Командант Коки
Кривична пријава за загрозување со опасно орудие против „Командант Коки“ ќе поднесе СВР Скопје до надлежното Обвинителство, информираше во среда Министерството за внатрешни работи
Триесет и петгодишниот Н.Ѓ., познат по прекарот „Командант Коки“, во вторник околу полноќ преку телефон го повикал М.М. на паркинг просторот пред Машинскиот факултет во Скопје. Кога пристигнал, Коки излегол од возилото и со влечење и грубо малтретирање го исфрлил М.М. од возилото и удирајќи му два шамари му наредил да седне на скалите кои биле во непосредна близина. Потоа од возилото извадил дрвена безбол палка и му наредил да ја испружи десната рака, заканувајќи му се дека ќе му ја искрши.
Откако М.М. не го послушал, Н.Ѓ. почнал да го испрашува кој го финансира него и неговите приврзаници кои ги бараат промените и реформите во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, при што со упатени сериозни закони по животот на М.М. му наредил во иднина да го информира за секоја понатамошна активност. Потоа сите тројца влегле во возилото и заминале кон Олимпискиот базен, каде М.М. го оставиле, а двајцата се упатиле во непознат правец.
М.М. случајот го пријавил во службените простории на СВР Скопје, по што е распишана телеграма за потрага по Н.Ѓ., кој истиот ден е приведен од припадниците на ПМЕП-БПК. При претресот на возилото „Алфите“ ја пронашле дрвена безбол палка со која се претпоставува дека Н.Ѓ. му се заканувал на оштетениот.
Инаку, Н.Ѓ. и досега е познат на полицијата, односно против него се поднесени три кривични пријави за насилство и учество во толпа, за што надлежен суд му изрекол условна осуда. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

