Спорт
Руската фудбалска федерација: Одлуката на ФИФА е спротивна со спортскиот дух

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на ФИФА и УЕФА да ги исфрлат сите руски клубови и репрезентации од меѓународните натпреварувања, посочувајќи дека го заддржуваат правото да се жалат на интернационалните судови, и обвинувајќи дека се работи за „одлука спротивна на спортскиот дух“ која ќе погоди огромен број на луѓе.
„Рускиот фудбалски сојуз категорично изразува несогласување со одлуката на ФИФА и УЕФА да ги суспендираат сите руски тимови од натпреварување на неопределен рок. Сметаме дека ова е спротивно на нормите и принципите на интернационалните натпреварувања, но и во духот на спортот. Одлуката има дискриминирачки карактер и ќе погоди огромен број на фудбалери, тренери, вработени во клубовите и најважно милиони руски и странски фанови, чии интереси овие организации мораат да ги штитат. Ваквите постапки ја разделуваат светската спортска заедница, која секогаш имала темели во принципите на еднаквост, взаемна почит и независност од политиката“, се вели во реакцијата.
Заявление РФС о решении ФИФА и УЕФА исключить российские команды из международных соревнований: https://t.co/AYxGeVXXwf pic.twitter.com/gZnSafMzkE
— РФС (@rfsruofficial) February 28, 2022
Тотална спортска блокада – ФИФА и УЕФА ги исфрлија Русите, Евролига ги суспендираше клубовите
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренато Веига од Челзи се пресели во Виљареал

Потврдено е дека Ренато Веига (22) потпишал за Виљареал во трансфер вреден 29,5 милиони евра, вклучувајќи бонуси и клаузула за процент од идните продажби.
Трансферот на Веига е најскап во историјата на шпанскиот клуб, а португалскиот дефанзивец дојде од Челзи.
Претходниот рекорд го држеше Пако Алкасер, кого Виљареал го донесе од Борусија Дортмунд за 25 милиони евра во 2020 година.
Спорт
Леклер не верува дека Ферари сезонава може да заврши пред Мекларен

Шарлс Леклер, возачот на Ферари, изјави речиси да не постои шанса, неговиот тим да го победи во трка Мекларен оваа сезона.
Мекларен се неверојатени оваа сезона, тимот победи на 11 од 14 трки во сезоната (две победи има Ферстапен, една Расел), со што ја „зацврсти“ првата позиција во конкуренцијата на возачи и во конкуренцијата на конструктори.
Ферари се единствениот тим меѓу првите четири што не триумфирал на ниту една патека, а Леклер не верува дека има големи шанси тоа да се промени.
„Не верувам дека има една патека каде што сме побрзи од Мекларен. Тие беа најдобри во текот на целата сезона. Ред Бул имаше подеми и падови, па затоа се поблиску до нас и Мерцедес, а Мекларен е единствената константа. Засега, не гледам каде можеме да бидеме фаворити. Се надевам дека ќе бидам изненаден“, рече Леклер.
Ферари имаше многу проблеми оваа сезона и веќе некое време дури има гласини дека Луис Хамилтон би можел да се пензионира порано од очекуваното. Никој не очекуваше Ферари да биде на местото на Мекларен, но никој не веруваше дека ќе се мачат толку многу и дека Луис нема ниту еднаш да заврши меѓу најбрзите тројца.
Foto/ EPA
Спорт
Рубен Дијаш во Сити до 2029 година

Манчестер Сити заврши голема работа, бидејќи го продолжи договорот со стоперот на португалската репрезентација, Рубен Дијаш.
Брилијантниот Португалец потпиша нов договор до 2029 година. Значи, барем за него е јасно дека ќе ги преживее промените што веќе се случуваат на „Етихад“, особено во одбраната.
Рубен Дијаш дојде на „Етихад“ во 2020 година од Бенфика. Одигра 223 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.
Сити донесе четири нови дефанзивци во овој и претходниот преоден рок, а покрај заминувањето на Кајл Вокер од клубот, се очекуваат уште заминувања на играчи од задната линија. Деновиве сериозно се зборува за Мануел Аканџи, кој има понуда од Галатасарај и извесно е дека ќе го напушти клубот.
Откако ја завршија работата со Дијаш, клупските челници сега се насочија кон новиот договор на Родри. Шпанецот исто така треба да потпише до 2029 година, со значително поголема плата.
Foto/ „X“