Македонија
Колева: СДСМ поддржува декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина
СДСМ поддржува декларација за поддршка на територијалниот интегртитет на Украина, рече денеска пратеничката и членка на ИО на СДСМ, Даниела Колева, во одговор на новинарско прашање.
„Во врска со Украина би кажала дека територијалниот интегритет на Украина секако дека го поддржуваме, а воената агресија што Русија ја врши најостро ја осудуваме. Тоа е кршење на основните човекови права“, рече Колева.
Пратеничката на СДСМ додаде дека безбедоста на нашата земја не е загорзена во моментот, упати апел дека нашите граѓани треба да бидат спокојни бидејќи како членка на НАТО сме сигурни и безбедни.
„Нашите граѓани и ние како земја што е членка на НАТО треба да бидеме спокојни, сигурни сме и безбедни во овој момент затоа што НАТО нуди безбедност и сигурност. Ние ја уживаме заштата на најголемиот одбранбен сојуз во светот и за тоа треба да бидеме горди“, рече Колева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Доцни платата за вработените во Јавното претпријатие „Улици и Патишта“
Вработените во Јавното претпријатие Улици и Патишта не ја добиле платата за август која им се исплатува во септемри, иако рокот за исплата е до 15-ти во месецов. Во отвореното писмо до јавноста, вработените тврдат дека се под константни притисоци и се плашат да штрајкуваат, а како главен виновник за состојбата со платите го посочуваат директорот на претпријатието. Тие тврдат и дека претпријатието има пари, но плати нема.
„Платата за месец септември не е исплатена иако постои информација дека Град Скопје пред десетина дена префрлил повеќе од 40 милиони денари. Новоназначениот ВД директор, Ванчо Умленски, наводно го преземал компјутерот од секторот за Финансии и сите средствата ги пренасочил на добавувачи, меѓу кои и 19 милиони денари на „Пуцко Петрол“, иако на вработените им се потребни 15 милиони денари за исплата на платите„, велат Вработени во ЈП Улици и Патишта.
Од Град Скопје тврдат дека парите за плати треба да ги обезбеди самото претпријатие.
Македонија
Свежо утро, а преку ден сончево и релативно топло
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло време. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи.
Македонија
Од денес започнува есента
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер.