Македонија
(Видео) Мицевски: На власта ѝ се брза да го наполни Уставниот суд со партиски кадри
На власта ѝ се брза да го наполни Уставниот суд со партиски кадри. Ова можеше да биде тест на демократските капацитети на власта, но очигледно решаваат да се движат по патот на поларизација, партиски комбинаторики и ова што се прави е апсурд, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница по предлогот на власта за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Беса од Комисијата за прашања за избори и именувања.
Мицевски на потписниците од власта на овој предлог им честита „Среќна Нова ’49“ потенцирајќи дека ова што се прави е преседан и власта со сила ја поларизира работата на Собранието.
„Потписниците се повикуваат врз основа на член 114 и 118 од Деловникот, но член 114 вели дека Собранието врши избори, именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции на начин утврден во согласност со Уставот и законот. Кој носител на јавна функција се разрешува од веќе формирана комисија? Се разрешува пратеник што е назначен и кој се назначува на првата пленарна основачка седница на Собранието. Членот 118 вели формирање работни тела. Од ова што се гледа тука изгледа како да сакаат да го разрешат Фадил Зендели од пратеник“, истакна Мицевски.
Тој нагласи дека Комисијата е функционална и комплетна, но власта брза со разрешување на Зендели за да може што побргу да назначи партиски уставни судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

