Спорт
Фјури: Ако војуваме со Русија, јас и татко ми ќе бидеме во првата линија на фронтот
ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури вели дека тој и неговиот татко „Биг“ Џон ќе бидат во првата линија на фронтот доколку Велика Британија влезе во војна со Русија по интервенцијата во Украина.
Популарниот „Џипси кинг“ ги пофали Виталиј и Владимир Кличко, како и Олександер Усик што се пријавија да ја бранат својата татковина. Запрашан за негово мислење за ситуацијата во Украина, непоразениот шампион беше невообичаено ентузијастички расположен.
„Фантастично е! Јас ќе бидам првиот кој ќе се пријавам ако Англија или Америка итервенираат. Сите ќе се пријавиме за одбрана, тоа е нормално. Ако си од таа земја, живееш таму, брани ја. Сакај ја својата жена и бори се за својата земја“, вели Фјури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико остана без Ле Норман
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган.
Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот.
Атлетико не соопшти колку долго 28-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.
Спорт
Црвена звезда ја продолжи победничката низа, го декласира Панатинаикос во Белград
Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28)
.
Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата.
32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени троки од 22 обиди.
Домашните „лета“ по теренот 32 минути кога стекнаа предност од 28 поени. Тука застанаа, Панатинаикос го искористи тоа со серија тројки се доближи на негатива од 13 поени, но поблиску од тоа не можеа.
До победата Црвена звезда ја предводеа Мекинтаер со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции, Монеке забележа 14 поени и 8 скока, Добриќ 10 поени. Кај Панатинаикос се истакнаа Слукас со 16 поени (10 од нив во последната четвртина) и Осман со 14.
Главниот играч на Панатинаикос, Кендик Нан одигра скандалозен меч, постигна шест поени имаше и нереални седум изгубени топки. Кога го напушти теренот поради петтиот фаул, публиката иронично му скандираше „MВП, MВП“ алудирајќи на наградата за минатата сезона.
Спорт
(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал
Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2).
Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими гол(Олимпијакос, Каират, Виљареал).
Доживеаја само пораз од Баерн (1:5).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен во 47-та минута кога авторитативно скокна на првата статива и ја затресе мрежата на гостите.
Резултатите на Карабаг во Лигата на шампионите веќе не се изненадување. На домашен терен шампионот на Азербејџан одигра 2:2 со Челзи.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска ротираше во тимот и тоа скапо го плати. Млафиот Холанѓанец Хато им подари два гола на противниците.
Естевао постигна убав гол во 16-та минута, но до 39-та Карабаг направи пресврт. Леандро Андраде изедначи во 29-та по киксот на Хато, а десет минути подоцна 19-годишниот Холанѓанец направви пенал. Стрелец од белата точка беше репрезентативецот на Црна Гора, Јанковиќ.
Бод на Челзи му обезбеди Гарначо во 53-та минута.

