Свет
Отстранета восочната фигура на Путин: Не сакаме да му ја поправаме косата секој ден

Музејот на восочни фигури во Париз ја отстрани фигурата на рускиот претседател Владимир Путин откако била оштетена од страна на посетителите, во знак на протест поради руската инвазија на Украина.
Од музејот сега размислуваат фигурата, која била направена во 2000-та година, да ја заменат со моделот на украинскиот претседател Зеленски.
„ Денес веќе не е можно да се претстави лик како него (Путин)…за прв пат во историјата на музејот повлекуваме статуа поради историските настани кои моментално се одвиваат“ изјави директорот на музејот, Ив Деломо.
Тој додаде дека восочната фигура изгледа неуредно откако била вандализирана во текот на викендот.
„ Со оглед на тоа што се случи, ние и нашиот персонал не сакаме да му ја поправаме косата и изгледот секој ден“, рече тој.
Запрашан кој сега би можел да го замени Путин на празното место, помеѓу статуите на американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џинпинг, Деломо рече дека тоа можеби е Зеленски од Украина.
„ Можеби претседателот Зеленски ќе го заземе неговото место… тој стана херој затоа што се спротивстави и што не избега од својата
земја. Совршено може да го заземе своето место меѓу големите луѓе на историјата и денес“, рече тој.
Во 2014 година, по руската анексија на Крим од Украина, демонстрантка со „Убиј го Путин“ насликана низ нејзините голи гради, ја прободе восочната фигура на Путин и и ја скрши главата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.