Свет
Би-би-си: Зошто окупацијата на Керсон е важна за Русија?
Доколку тоа се потврди, а засега има само тврдења на руското Министерство за одбрана, тогаш заземањето на Керсон, град на југот на Украина со речиси 300.000 жители, би било голема победа за руската армија, пишува Би-би-си.
Тоа ќе биде најголемиот град што ќе падне во рацете на Русија и ќе биде стратешка база за војската додека се обидува да турка понатаму во внатрешноста и на запад по должината на брегот до големиот пристаништен град Одеса. Керсон сам по себе е важно пристаниште на Црното Море и индустриски центар.
Контролата врз Керсон значи и контрола на голем извор на вода. Украина го блокира северниот дел на Кримскиот канал откако Русија го окупира полуостровот Крим, така што најголемиот дел од снабдувањето со свежа вода за Крим беше прекинато, што предизвика недостиг на вода во анектираниот регион.
Една од првите цели на руската воена инвазија беше деблокирањето на тој воден пат и обновувањето на водоснабдувањето на Крим, наведува Би-би-си.
Инаку, градоначалникот Игор Коликаев (Ихор Колихајев) рече дека руски возила влегле во центарот на Керсон преку ноќ и дека на градот му треба чудо за да им се спротивстави на руските војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Германските компании сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде што поради падот на нарачките, се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и заринка на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, а бројот на патниците на бродот сè уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража почна спасувачка операција користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.