Свет
Дали Лукашенко случајно откри уште една цел на Путин?

Белорускиот претседател и најголем сојузник на Путин, Александар Лукашенко, вчера се обрати во живо пред Советот за безбедност преку видеоврска. Лукашенко застана пред мапата и употреби стап за да го прикаже планираното движење на војниците и целите во Украина.
Но, Лукашенко можеби случајно открил уште една од можните цели на Путин – напад на Молдавија.
Имено, се чини дека мапата го прикажува и движењето на војниците од Одеса понатаму кон крајниот југозапад на Украина и понатаму кон Молдавија.
Белорускиот новинар Тадеуш Гиџан објави на „Твитер“ дека мапата изгледа како вистинска карта на инвазијата. „Тоа ги прикажува воените објекти на Украина уништени со ракети од Белорусија и насоките на нападот.
Украина е поделена на четири сектори на мапата“, рече тој додавајќи дека единствениот напад од Одеса до Молдавија бил единствениот што сè уште не е на мапата.
At today's security council meeting, Lukashenko showed what looks like an actual invasion map. It shows Ukraine military facilities destroyed by missiles from Belarus, attacks directions (everything agrees except Odessa-Transnistria). Also, Ukraine is divided into 4 sectors. pic.twitter.com/ueqBIFUbyM
— Tadeusz Giczan ?? (@TadeuszGiczan) March 1, 2022
Друг новинар, Денис Казакиевич, предупреди на „Твитер“ дека мапата на Лукашенко изгледа како вистинска карта на инвазијата.
„Во денешното обраќање до Советот на Европа, Лукашенко, додека лажеше за операција, покажа како изгледа вистинска мапа на инвазијата“, напиша тој.
You cannot make this stuff up.
At today's security council meeting, Lukashenka -while lying about “surgical operation” – showed what looks like an actual invasion map. pic.twitter.com/Q4ONwJ2cMT
— Denis Kazakiewicz (@Den_2042) March 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е фантастичен лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик.
Во видео објавено на фејсбук-страницата на премиерот Трамп го фали Орбан.
„Тука ја имаме Унгарија. Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.
На покана на Трамп, Орбан присуствуваше на потпишувањето на договорот за крај на војната во Газа вчера во Египет. Трамп додаде дека го поддржал Орбан на последните избори и дека „тој победил со 28-процентни поени“.
„Затоа следниот пат ќе се покажете уште подобро. Сто проценти стоиме зад вас“, му рече тој. Орбан одговори во своето соопштение. „Ви благодарам, господине претседателе! Продолжуваме по патот на мирот!“, рече тој.
Свет
(Видео) Трамп: Го испратив Виткоф кај Путин, тој немаше поим ниту за Русија ниту за Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, откри детали за необична средба со рускиот претседател Владимир Путин во говорот пред израелскиот парламент синоќа, во која, како што рече, неговиот специјален пратеник Стив Виткоф одиграл важна улога.
„Го испратив Виткоф да се сретне со Путин мислејќи дека ќе биде средба од 15 до 20 минути. Виткоф немаше поим ниту за Русија ниту за Путин. Тој не знаеше многу за политиката“, рече Трамп предизвикувајќи смеа кај израелските пратеници во парламентот.
Trump: “I sent Witkoff to meet with Putin thinking it would be 15-20 minute meeting.
Witkoff had no idea about Russia or Putin. He did not know much about politics.”WHO THE HELL SENDS A NOVICE TO NEGOTIATE THE BIGGEST WAR IN EUROPE SINCE WW2?! pic.twitter.com/xFlQGxfvxi
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) October 13, 2025
Трамп откри дека состанокот траел пет часа и дека многу се изненадил поради тоа.
Виткоф беше бизнисмен и адвокат пред Трамп да го назначи за специјален пратеник за Блискиот Исток и мировните операции оваа година и тој постојано се среќаваше со Путин и со руски претставници како дел од преговорите за војната во Украина.
Свет
Сите летови откажани, најавени национални демонстрации во Белгија

Се очекува десетици илјади демонстранти да се соберат денес во Брисел во знак на протест против планираните намалувања на владиниот буџет, што последователно ќе предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај и во функционирањето на јавните услуги.
Поради отсуството на безбедносниот персонал од работа на најголемиот аеродром во Белгија, „Завентем“, сите појдовни летови се откажани, како и неколку дојдовни, објави аеродромот.
На веб-страницата на аеродромот „Шарлроа“, втор по големина во земјата, се наведува дека ниеден авион нема да полетува или слетува таму.
Белгиската новинска агенција „Белга“ објави дека протестите ќе влијаат и на локалниот јавен превоз во сите три региони, при што помалку од половина од сите закажани автобуси, трамваи и метроа работат.
Белгиските медиуми известуваат дека тешкотиите ќе се почувствуваат и во собирањето отпад и во поштенскиот сектор. Сепак, железничкиот оператор СНЦБ соопшти дека додал повеќе возови до Брисел за да им овозможи на демонстрантите да патуваат до главниот град.
Трите главни синдикати, либералниот ЦГСЛБ, христијанскиот ЦСЦ и левичарскиот ФГТБ, заеднички повикаа на национални демонстрации против промените во пензиите и надоместоците за невработеност, како и падот на куповната моќ.
Полицијата ги советуваше граѓаните да не патуваат до Брисел со автомобил бидејќи многубројни патишта ќе бидат затворени поради очекуваниот прилив на демонстранти.
Фото: ЕПА