Регион
Црна Гора воведе санкции кон Русија, донира заштитна опрема за Украина

Генералштабот на Армијата на Црна Гора најави дека ќе донира одредени количини заштитна опрема за Украина, пред сѐ, заштитни елеци и балистички шлемови, а Министерството за финансии одреди 50.000 евра помош.
Црногорското Министерство за надворешни работи во средата објави дека земјата се приклучила на санкциите воведени од Европската Унија против Русија по нејзиниот напад врз Украина.
Со целосно приклучување кон рестриктивните мерки, економските и индивидуалните санкции, Црна Гора ја продолжи политиката на 100 % усогласување со надворешната политика на Европската Унија, соопшти црногорското МНР.
Исто така, црногорскиот Црвен крст отвори специјална телефонска линија преку која граѓаните може да донираат пари за помош на жителите на Украина.
Светски медиуми претходно објавија дека јахтите на четворица руски тајкуни отпловиле од европските пристаништа откога била отворена можноста за замрзнување на имотот на руските милијардери.
Црногорската влада најави и дека планира да организира хуманитарен лет на националната авиокомпанија поради големиот интерес на црногорските граѓани кои сакаат да ја напуштат Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин