Црна хроника
Кривична пријава за капетанот, обдукцијата почна во Скопје

По извршениот разговор пред истражен судија, на лицето што го упраувало потонатиот брод „Илинден“, е поднесена кривична пријава за загрозување во сообраќајот. Вечерва во Скопје се донесени на обдукција телата на загинатите
Како што дознава www.forum.com.mk, вечерва откако беше изведен и сослушан пред истражен судија, 23-годишниот сопственик на „Илинден“, Сотир Филев кој утрово го управуал бродот кога потона кај автокампот Елешец патувајќи на туристичка обиколка до Свети Наум. И на неговиот помошник Владо Илиев, му е поднесена кривична пријава од страна на СВР Охрид, по распитот извршен и со него. Во несреќата загинаа 15 бугарски турист, а седум беа поврдени кои вече со дригите 31 турист вечерва отпатуваа за Бугарија.Веќе на судска медицина при Клиничкиот центар во Скопје, почна обдукцијата на жртвите. Според некои неофицијални информации, по некои показатели најверојатно станува збор за давење. Телата на загинатите пред околу еден час под силно полициско обезбедување со полициско возило беа донесени на судска медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.