Свет
Киев потврди: Преговорите продолжуваат вечерва
Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи вечерва, потврди денеска советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович.
Според него, делегациите на двете страни ќе останат непроменети.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави можност за продолжување на разговорите вечерва. Тој рече дека руската делегација ќе пристигне во попладневните часови на местото каде што треба да се одржи нова рунда преговори со претставниците на Украина и дека ќе бидат подготвени вечерва да ги продолжат разговорите.
Песков одби да прецизира на која локација ќе се одржи состанокот.
Првата рунда преговори се одржа во понеделникот.
Руската делегација ја предводеше советникот на шефот на државата, Владимир Медински, а во неа беа и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Руденко, заменик-министерот за одбрана, Александар Фомин, и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата, Леонид Слуцки.
Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, е на чело на украинската делегација, во која се советникот на началникот на Генералштабот, Михаил Подољак, лидерот на Слуга на народот, Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт-група, Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик-министерот за надворешни работи, Николај Точицки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

