Контакт

Македонија

Објавен јавен повик за изработка на шест идејни решенија за изградба на типски куќи

Објавено пред

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на шест идејни решенија за изградба на објекти со намена за индивидуално домување (типски куќи).

dobivaj vesti na viber

Според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од 50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2. Јавниот повик трае до 16 март 2016 година. Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на проекти кои ќе се објават на веб страната на Министерството за транспорт и врски од каде ќе може бесплатно да се преземат.Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување на бесплатен проект за типски куќи,  овозможува субвенционирање од 900 до 2.500 евра за изградба на куќа. Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење.Претходно Министерството за транспорт и врски изработи готови проекти за индивидуални куќи за домување (типски куќи)  со големина од 60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2. Сите граѓани кои се заинтересирани за готови проекти за типски куќи за индивидуално домување, имаат можност да ги преземат од веб страната на Министерството за транспорт и врски или да ги подигнат директно од просториите на Министерството. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Објавено пред

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.

dobivaj vesti na viber

Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.

Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.

Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.

Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.

Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Објавено пред

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.

dobivaj vesti na viber

Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.

„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.

Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскап дизел

Објавено пред

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

dobivaj vesti na viber

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион4 часа

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија5 часа

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија6 часа

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ7 часа

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија8 часа

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ9 часа

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...

Свет11 часа

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот...

Спорт11 часа

Ѓоковиќ од Вимблдон преку Макфакс порачува: Ветувам, многу бргу се гледаме во Македонија!

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак...

Регион12 часа

(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која...

Македонија13 часа

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката...

Регион13 часа

(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според...

Свет13 часа

Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински...

Регион22 часа

Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни...

Регион1 ден

(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва...

Регион1 ден

Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија  се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки...

Свет1 ден

(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на...

Економија1 ден

Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на...

Регион1 ден

„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на...

Македонија1 ден

Пијан Турчин приведен во Охрид, со нож влегол во угостителски објект

Охрдиската полиција приведе пијан Турчин. Викал и непристојно се однесувал на улица, а потоа влегол во угостителски објект каде што...