Свет
(Видео) Силно невреме ja погоди Велика Британија – ветрот урива сѐ пред себе
Силната бура Јунис пристигна во петокот во Обединетото Кралство, а ветерот достигна брзина од 200 км/ч.
Овој циклон се карактеризира со удари на ветер од речиси 200 километри на час, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени делови од земјата.
Британската метеоролошка служба соопшти дека на островот Вајт, кога бурата Јунис го погоди југот на земјата, забележан е налет на ветер со брзина од 196 километри на час, што се смета за најсилниот досега забележан во Англија.
Населението на Обединетото Кралство повторно беше принудено да остане во своите домови, но овој пат не поради епидемијата на коронавирусот, туку за да се заштитат од силното невреме што пристигна од Атлантскиот Океан.
Премиерот Борис Џонсон изјави дека армијата е подготвена да им помогне на оние што ќе бидат погодени од бурата Јунис. Во државата Велс на западот на Обединетото Кралство, во градот Сомерсет, бурен ветер ја уништи кулата на црквата „Свети Томас“, која била изградена во средината на 19 век. Видеото објавено на „Твитер“, на кое се гледа уривањето на црковната кула, има два милиона прегледи.
There’s a reason ‘danger to life’ is mentioned in warnings…?
Hope no one was injured in this.#StormEunice
? St Thomas church, Wells via @djstay81 pic.twitter.com/mU7sDJxcSv
— Simon King (@SimonOKing) February 18, 2022
Во сила е црвен метеоролошки аларм, што е најсериозно метео-предупредување, а поради пролетната плима, се очекуваат и големи поплави по должината на бреговите на јужна и западна Англија. Метеоролозите рекоа дека постои висок ризик од „летечки отпад што може да биде опасен за животот“ и „оштетување згради и куќи, со срушени покриви и далноводи“.
Да потсетиме, маж во Ирска доби повреди кога дрво падна врз него додека ги отстрануваше урнатините по бурата Јунис, а на аеродромот „Хитроу“ беа забележани страшни моменти додека ветрот ги тресеше авионите и се закануваше да ги урне.
Невремето ечеше и во Холандија, каде што две лица загинаа кога врз нив паднаа дрвја.
The recovery from #StormEunice continues – our teams have been clearing up and starting to plan what repair work might be needed. pic.twitter.com/crWBUJOGoG
— Chichester Harbour Conservancy (@chichesterharbo) March 2, 2022
Јунис денеска ја погоди и Белгија, а 79-годишен англиски државјанин загина во градот Ипрес, недалеку од брегот на Северното Море, кога силен ветер го турна од чамецот во водата, јавија локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

