Контакт

Македонија

По пауза од две години, карневалот „Прочка“ повторно во Прилеп

Објавено пред

По пауза од две години, градот под Марковите кули повторно го враќа сјајот на карневалот „Прочка“.

dobivaj vesti na viber

Од петок до недела Прилеп ќе биде домаќин на традиционалниот карневал „Прочка 2022“, на кој ќе учествуваат маски само од нашата земја поради сѐ уште актуелната ковид-состојба.

Градоначалникот Борче Јовчески на денешната прес-конференција посочи дека добредојдени сте сите во градот под Марковите кули:

„Со огромно задоволство сакам јавно и официјално да најавам дека по пауза од 2 години, в недела, 6 март, ќе се одржи надалеку познатиот карневалски бренд на Прилеп и Македонија ‘Прочка 2022’. Во согласност со сите здравствени мерки и протоколи, оваа година полека ги враќаме сјајот на карневалот и радоста кај прилепчани, со тоа што овој пат ќе имаме маски само од Република Македонија. Сакам да упатам покана до сите, не само до нашите сограѓани туку и до целата македонска јавност и до сите граѓани, да повелат да ни дојдат в недела во 12 часот. Дефилето на карневалот својот официјален почеток ќе го има пред Домот на културата ‘Марко Цепенков’, од каде што ќе се упатиме до поставената бина на плоштадот ‘Методија Андонов Ченто’. Ве уверувам дека како домаќини ќе се погрижиме да имате прекрасен и исполнет карневалски ден“, истакна градоначалникот Јовчески.

Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп, посочи дека се прават последните подготовки за оваа значајна манифестација, која годинава ќе се одржи 20-ти пат.

„Општина Прилеп и здружението ‘Прилепски мечкари’ ги правиме последните подготовки за одржувањето на оваа значајна манифестација, која во изминатиот период постигна голем успех во поглед на промоција на градот Прилеп. Активностите ќе почнат со отворање на изложбата, која секоја година е сведок на разни креации на маски од страна на учениците од основните и средните училишта во градот под менторство на нивните наставници по ликовно образование и одделенска настава. Изложбата ќе биде отворена в петок во 12 часот од страна на градоначалникот Борче Јовчески во Центарот за култура ‘Марко Цепенков’, каде што ќе бидат прогласени и најдобро избраните маски. Централен настан претставува дефилето на маски в недела, на кое ќе се претстават поединечни и групни маски од Прилеп и од други градови од Македонија, а почетокот е од пред ЦК ‘Марко Цепенков’. Трасата ќе се движи сѐ до плоштадот ‘Методија Андонов Ченто’, каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика под водство на Марија Спиркоска-Илијески. Очекуваме околу 500 учесници во 15-ина групни маски, некои од нив бројат и над 50 учесници. Досега се пријавени учесници од Кавадарци, Пробиштип и Охрид, односно Куратица. Покрај дефилето, ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции за сето тоа да заврши со заедничка забава и концерт на групата ‘Фолтин’ на централната бина“, посочи Ристеска, советник за култура.

Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението ‘Прилепски мечкари’, оваа здружение со долгогодишна традиција дава несебична поддршка во делот на организацијата.

„Дадовме наш придонес онолку колку што можевме бидејќи обемот на работа е многу помал. Обезбедивме доволен број кожи, шиевме нови и прв пат ‘Прилепските мечкари’ ќе учествуваат со нови костими на дефилето што за нас претставува посебно задоволство бидејќи со истите костими ќе настапат и на други карневали. Морам да посочам дека го возобновиме карневалот, кој ако и оваа година го испуштиме и не го организираме, полека ќе изумат и желбите за изготвување маски во градот Прилеп. В недела ве покануваме сите заедно да присуствуваме на едно наше прилепско издание на карневал, а за наредните години ќе се потрудиме да го вратиме стариот лик на карневалот“, посочи Георгиев, претседател на здружението ‘Прилепски мечкари’.

Организаторите посочија дека за сите оние што сѐ уште не се пријавени нека ја посетат страницата на карневалот, каде што има пријава што може да ја испратат по електронски пат или, пак, непосредно пред карневалот да дојдат на централната бина на плоштадот. За најубавите маски, ќе има и награди за кои ќе одлучува стручна жири-комисија. Претседател на комисијата е Кире Миладиноски, кореограф на танц-студиото „Зодијак“, а членови се Цветан Волчески, наставник, и Хилда Црнеска, член на ФЕК. Исто така, донесена е одлука за продолжување на работното време на сите кафетерии и ресторани од Советот на Општина Прилеп и е со важност, така што забавата во вечерните часови може да потрае на задоволство на младите генерации.

Очекуваме сите овие случувања да донесат малку позитивна енергија и расположение, кое ќе овозможи за момент да ги оставиме проблемите настрана и да уживаме бидејќи кризата што трае веќе подолго време си го зеде својот данок од општественото живеење воопшто, посочи Ристеска.

В понеделник, по завршување на карневалот „Прочка 2022“ на пладне, во манастирот „Свети Ѓорѓија“, доколку дозволат временските услови, или во некој од рестораните тука во градот, ќе се одржи традиционалниот посен ручек во организација на здружението ‘Прилепски мечкари’ .

Македонија

Минчев: Јавната администрација влегува во дигитална ера на отчетност и мерливи резултати

Објавено пред

Од

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на настанот “Промоција на новата ИТ алатка за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030”, организиран од страна на Министерството за јавна администрација, а со поддршка од Регионалното училиште за јавна администрација (РеСПА).

dobivaj vesti na viber

Настанот обедини високи претставници од државните институции, дипломатскиот кор, меѓународни и регионални организации, јавни службеници, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација е јасна и цврста политичка заложба на Владата, насочена кон конкретни резултати во интерес на граѓаните и европската иднина на државата. Новата ИТ алатка, како што нагласи тој, претставува системска промена во начинот на планирање, спроведување и следење на јавните политики.

„Ова не е техничка новина, туку системска промена во начинот на кој државата планира, спроведува и мери политики. Со поддршка на РЕСПА – Регионалното училиште за јавна администрација, и преку вградување на европски и регионални добри практики, воспоставивме дигитално решение што ги зајакнува капацитетите на јавните институции и воведува јасни стандарди на работа, отчетност и координација. “, истакна министерот Минчев

Министерот потенцираше дека со оваа алатка се овозможува прецизно следење на реформските активности, јасна распределба на институционалните одговорности и носење одлуки засновани на податоци.

„Со ова решение, ја враќаме контролата таму каде што припаѓа – кај јавноста и ставаме крај на политиките без резултати и ветувањата без отчет“, нагласи Минчев.

На настанот се обрати и директорката на Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), Маја Ханџиска Трендафилова, која ја истакна важноста на регионалната соработка и примената на европските добри практики во процесот на реформа на јавната администрација. Свои излагања имаа и Маја Рисова Мутлулар, шеф на кабинетот на министерот за јавна администрација и Мартин Тодевски, експерт од РЕСПА, кои ги презентираа клучните функционалности и практичните придобивки од ИТ алатката.

Настанот вклучи и панел-дискусија посветена на зголемување на транспарентноста преку иновации и дигитализација, со учество на претставници од академската заедница, извршната власт и независните институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Објавено пред

Од

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и во извештајот на Државниот завод за ревизија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Државната ревизија утврдила дека Лотарија, под покровителство на Груби и Бајрами, а одобрено од СДС, директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно 320 правни лица во износ од близу 14 милиони денари без да го користи пропишаниот „Мастер дилер’’. Од вкупните 14 милиони денари, за 13 милиони денари или нешто над 210.000 евра, во извештајот се вели дека документацијата е неуредна, невалидна или недостасува. Дополнително, ревизијата оценила дека документацијата е спорна и неверодостојна и во делот на готовински одливи од 36,5 милиони денари или 600.000 евра и приливи од близу 8 милиони денари или 130.000 евра“, рече тој.

А притоа, додаде Петрушевски, вреди да се напомене дека во Државната Лотарија во тој период кога се случувале овие злоупотреби, немало внатрешен ревизор.

„Јавното обвинителство треба да истражи каде завршиле близу 1 милион евра од Државна Лотарија? Дали тие пари завршувале во џебовите на Груби и Бајрами? Дали постои случај на перење на пари од нивна страна? Зошто СДС иако знаела што се случувало во Лотарија, молчела и не преземала ништо? Дали за опстанок на власт, СДС ги замижувал овие криминали? Доколку ВМРО-ДПМНЕ не излезеше во јавноста за случајот со Државна Лотарија и не станеше предмет на јавен интерес, јавниот обвинител Коцевски можеби и овие пријави ќе ги чуваше во фиока“, рече Петрушевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манасиевски: Наместо нов кадар, Филипче ги врати старите истрошени кадри од времето на Заев и Ковачевски

Објавено пред

Од

По само еден ден од старо-новото раководство на Заев, изгласано од Филипче, летаат оставки од општински организации на СДС и бараат оставки од Филипче, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„По толку помпезното најавување од страна на Филипче за реформи во СДС, тој го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место. Наместо свеж, чист и нов кадар, тој ги врати старите истрошени кадри од времето на Заев и Ковачевски. Филип Андов, Јон Фрчковски, Јованка Тренчевска, Андреј Жерновски, Љупчо Фармаковски, Александар Наумоски се таканаречените нови лица на СДС. Луѓе полни со скандали, со лошо минато, луѓе без кредибилитет, луѓе кои не испорачаа кога им беше побарано од граѓаните. Некомпетентни и неквалитетни кадри“, рече тој.

А дека бродот во СДС тоне, кажа Манасиевски, доказ за тоа се неколку оставки од општински организации од Ѓорче, до Битола и Крива Паланка.

„Оставки од Филипче се бараат на секој чекор, а тој гордо ги продолжува да ги исполнува задачите кои му ги дава Зоран Заев. Реформите во СДС ќе дојдат само со формална оставка на Филипче и претседателот во сенка Зоран Заев“, рече Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија2 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија2 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија3 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија3 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион5 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет5 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет5 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион5 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија19 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија19 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија1 ден

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија1 ден

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија1 ден

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија1 ден

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ1 ден

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ1 ден

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија1 ден

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...