Економија
Живко Груевски: Наместо празни зборови и ветувања, со конкретни акции и дела за подобар живот – СЕГА и ВЕДНАШ!

Во актуелнава реалност, повеќе или помалку, целиот свет сè уште се соочува со последиците од пролонгираната пандемиска здравствена, економска, енергетска и инфлаторна криза. Ова со посебна жештина ги погоди пофрагилните економии во транзиција и развој… Во нашата држава секојдневно слушаме и гледаме за проблемите предизвикани со големото зголемување на цените на електричната енергија, прехранбените продукти и баш на сè и сешто што ги поскапува трошоците на животот и ја зголемува сиромаштијата… за протести, барања и преговори за зголемување на минималната плата, на просечните лични доходи и на пензиите, за исплата на субвенции во земјоделството и сточарството итн.
Нашите градови, за жал, се тркаат кој ќе биде највисоко пласиран на поразителните светски листи за најзагадени градови во светот – загаден воздух, диви депонии, загадени води, реки и речни корита, контаминирана почва (???).
Според последното истражување во рамките на проектот „Стоп за питањето и злоупотребата на децата и нивното здравје“ на здружението „Градиме иднина“, се укажува дека во нашата земја околу 4.000 деца и луѓе на поголема возраст питаат. За жал, голем број живеат под ведро небо, 18.700 деца не се во училишните клупи а 1.500 деца од ромската популација не се евидентирани со матични броеви.
Секојдневно читаме за драстичниот пораст на бројот на затворени компании во минатата година. Податоците од реномираната бизнис-платформа „Бизнис-мрежа“ говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании, кои ставиле клуч на врата. Според економските аналитичари, кризата што ја предизвика Ковид-19 ќе има последици најмалку уште десет години. Младите луѓе, поради ниските плати, посебно во трудоинтензивните дејности, немаат интерес за вработување, а својата среќа приоритетно ја гледаат со иселување во странство. Справувањето со пандемијата, енергетската и економската криза резултираат со сè погласни барања на бизнисите и граѓаните за помош од страна на државата, што резултира со зголемување на нашиот државен долг на рекордни 7,1 милијарди евра, што претставува 60,9 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).
Драматично вознемирувачки се најновите геополитички и безбедносни закани за глобалниот мир и глобалната економија, кои кулминираа со крајно неприфатлив воен конфликт помеѓу Русија и Украина. Светот се соочува со уште еден нов, крајно опасен предизвик по пандемијата, а воените дејства иницираа нов бран ценовни шокови. Цените на примарните производи, храната, енергентите и металите дополнително растат, а вредноста на акциите кај инвеститорите се намалуваат. Ова ќе влијае и на процесот на закрепнување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Русија и Украина во нив како едни од најголемите производители на суровини, енергенти, жито (пченица и пченка), неопходни метали и сите видови ѓубрива за земјоделството. Ваквите состојби неминовно ќе се одразат на растот на европската економија, веројатно е нивно негативно влијание и врз инвестициите – домашни и странски, а со тоа и влијание врз планираните економски активности.
Длабоко свесни за оваа крајно загрижувачка реалност, сите ние од тимот на Euromax Resources сме искрено благодарни и горди на нашиот борд на директори и Групацијата ТРАФИГУРА, кои независно од неоправдано наметнатата неизвесност за ефикасното продолжување со реализација на нашиот мегаинвестициски проект „Иловица – Штука“ уште во првата половина од минатата година благородно одлучија да одвојат наменски – интервентен буџет од 1 милион евра како конкретен израз за корпоративна општествена одговорност! Во последните десетина месеци се фокусиравме на финансиска и експертска поддршка посветена, пред сè, на жителите од Струмичкиот и под Огражденскиот Регион, преку кампањата „Со акција и дела за подобар живот СЕГА и ВЕДНАШ!“
Се насочивме кон индивидуални проекти што имаат директни здравствени, економски и социјални придобивки за локалното население. Проекти што секојдневно ги допираат животите на жителите од општините Босилово, Ново Село и Струмица, приоритетно во здравствениот сектор (поддршка за Општата болница во Струмица, Центарот за јавно здравје и Здрвствениот дом во Струмица, земјоделството, водоснабдувањето, туризмот и угостителството, поддршка за семејното претприемаштво, на невладиниот сектор, образованието и едукацијата, спортските активности, како и финансиска поддршка за настани од општ и хуманитарен карактер. Во широко спроведените активности, директно или индиректно, досега беа опфатени неколку илјади жители од регионот!
Убедени сме дека на сите жители од нашата држава веќе одамна им е прекуглава од празната реторика и лажната загриженост изразена преку бескрупулозниот говор на омраза од дежурните кочничари на развојот. Тажно и разочарувачки болно е што за целото ова време една мала група„инстант-локални политичари во обид брутално го злоупотребуваат граѓанскиот активизам за свои лични финансиски интереси одработувајќи за своите налогодавци. Лесно е да бидеш патолошки критизер и на социјалните медиуми да пишуваш со пизма стигматизирајќи ги нивните сожители и сите оние што се охрабриле да размислуваат и постапуваат поинаку од нив. Тие запенавено се залагаат уште две-три генерации од жителите на Македонија да чмаат потопени во бесперспективност… Далеку потешко е, а и вистински одговорен предизвик е да бидеш активен двигател и предводник на конкретни активности со вложени финансиски средства, кои единствено може реално да помогнат и да креираат развој за националната економија.
Euromax Resources и во оваа пригода се обврзува со несмален ентузијазам и посветеност да продолжи со кампањата „Со акција и дела за подобар живот – СЕГА и ВЕДНАШ“ како ефикасен пример на корпоративна општествена одговорност помагајќи во реализација на приоритетни проекти од интерес на СИТЕ жители независно од политичките, етничките, културните и социјални различности!
Колумна на д-р Живко Груевски од „Еуромакс ресоурцес“
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Инвертер-клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика објави оглас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави мерка која ги таргетира ранливите категории население.
Преку јавен оглас, што стапи во сила, Министерството, како што информираат од таму, почнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима-уреди за 2025 година, со што ќе се подобри квалитетот на живеење и ќе се намалат трошоците за енергија во илјадници македонски домови.
„Мерката се реализира во согласност со Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2025 година (‘Службен весник на РСМ’ бр. 161/25). Во согласност со јавниот оглас за поддршка на домаќинства што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, со цел унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење, домаќинствата што ги исполнуваат условите ќе стекнат право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+. Овие уреди не само што штедат електрична енергија туку обезбедуваат и висока ефикасност за греење и ладење – токму онаму каде што е најпотребно“.
Како што појаснуваат, рокот за пријавување е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник.
Повеќе информации, како и потребните обрасци за пријавување, се објавени на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
Економија
Народната банка со нова иницијатива: проширување на услугите што ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции

Гувернерот Трајко Славески истакна дека иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати и изрази задоволство од одлуките на банките за намалување на трошоците.
Славески, на денешната конференција за печатот, најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи, се предлага отстранување на дел од постојните ограничувања и значително проширување на услугите што граѓаните ќе можат да ги користат преку платежната сметка со основни функции.
Најзначајните новини се: можност за дозволено пречекорување, можност да се поседува платежна сметка со основни функции дури и ако потрошувачот има други сметки, како и проширен сет бесплатни или евтини услуги, којшто покрај интерните, ќе ги вклучи и меѓубанкарските електронски трансфери, издавањето дебитна картичка и до четири подигнувања готовина месечно од банкоматите на други банки во износ до 2.000 денари по трансакција. Во овој сет влегуваат и други услуги коишто и досега можеа да ги користат граѓаните, односно уплатите и подигнувањата готовина на банкоматите и шалтерите на банката, користењето на електронското и мобилното банкарство, како и плаќањата со платежна картичка на физичките продажни места и во интернет-трговијата.
„Предлагаме цената на услугите коишто ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции да биде поврзана со износот на минималната бруто-плата во земјава и да биде утврдена најмногу на 0,1% од неа, па согласно важечката минимална бруто-плата за 2025 година, таа би изнесувала 36 денари на месечно ниво. За граѓаните коишто ѝ припаѓаат на групата законски корисници на права, односно т.н. ранливи категории граѓани, овие услуги ќе бидат целосно бесплатни“, истакна Славески.
Народната банка ќе работи со банките и на воспоставување национална мрежа на банкомати за подобар пристап до готовина низ целата земја. Оваа идеја би се остварила најдоцна до крајот на наредната 2026 година.
Покрај ова, Народната банка ќе предложи и приспособен пакет за микротрговци – најчесто семејни бизниси коишто имаат ограничени ресурси, со цел да се поттикне финансиската вклученост и дигитализацијата на плаќањата. Се очекува дека поповолните услови за користење на платежните услуги ќе бидат достапни за граѓаните и за микротрговците по донесувањето на законските измени, односно дека ќе бидат во примена од почетокот на 2026 година.
Економија
Затворени четири субјекти: триесет отсто од контролираните се со неправилности за фискализација, објави УЈП

Во периодот од 28 јули до 3 август 2025 година Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 214 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе-барови, шанкови на плажа, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.
Контролите беа реализирани во државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места, каде што во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 214 контролирани субјекти, кај 30,8 %, односно кај 66 од контролираните се утврдени неправилности во согласност со Законот за регистрирање на готовинскиот промет.
За утврдените неправилности донесени се 66 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени во согласност со големината на субјектот.
За четири, односно три субјекти од Охрид и еден од Струга, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).
„Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна: • Во Скопје извршени се 14 контроли и при истите утврдени се 4 неправилности; • Во Струга, Охрид и Битола извршени се 126 контроли, а утврдени се 29 неправилности од кои 11 неправилности во Струга и 18 во Охрид • Во Прилеп извршени се 7 контроли, a утврдени се 3 неправилности; • Во Тетово, Гостивар извршени се 32 контроли, а утврдени се 14 неправилности од кој 13 во Тетово и една во Гостивар • Во Штип, Неготино, Демир Капија, Кавадарци Велес и Куманово извршени се 35 контроли, а утврдени се 16 неправилности, по една неправилност во Неготино и Кавадарци, 2 во Демир Капија, 3 во Штип, 4 во Велес и 5 неправилности во Куманово“.
УЈП апелира до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.
„Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници. Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници“.