Спорт
Дончиќ го растури Вориорс, Клиперси се газди во Лос Анџелес
Победите на Далас Маверикс, ЛА Клиперс и Атланта Хокс ја обелажаа ноќта во НБА-лигата.
Далас Маверикс и Лука Дончиќ славеа против Голден стејт Вориорс на Стеф Кари со 122:113. Маверикс победата ја обезбеди со неверојатната серија 23:0 во третата четвртина. Вориорс го забележа петтиот пораз на последните шест натпревари.
Дончиќ го предводеше Далас со 41 поен (19 од нив во првата четвртина), 10 скока и девет асистенции. На спротивната страна Џордан Пул беше најефикасен со 23 поени, Кари постигна 21.
Лејкерси потврдија дека се во очајна форма. „Езерџиите“ доживеаја дебакл во градскиот дулел со Клиперси (111:132). Лејкерси немаат победа над градскиот ривал на последните седум натпревари.
Реџи Џексон беше најефикасен играч на Клиперси со 36 поени, Хрватот Ивица Зубац забележа 19 поени и девет скока. Леброн Џејмс за Лејкерси постигна 26 поени.
Атланта во финишот успеа да го победи Чикаго со 130:124. Блескаше Тре Јанг со 39 поени и 13 асистенции. Србинот Богдан Богдановиќ постигна 20 поени за Атланта.
Чикаго го предводеа Зек Лавин и Демар Дерозан со по 22 поена, Никола Вучевиќ забележа 21 поен и 11 скока.
Резултати:
Бостон – Мемфис 120:107
Бруклин – Мајами 107:113
Торонто – Детроит 106:108
Сан Антонио – Сакраменто 112:115
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

