Македонија
Џафери во официјална посета на Косово

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 4 и 5 март 2022 година ќе престојува во официјална посета на Косово, придружуван од членовите на пратеничката група за соработка со собранието на Косово, пратениците Бејџан Илјас, Бети Стаменкоска Трајкоска и Изет Меџити.
Собраниската делегацијата предводена од Џафери ќе оствари средби со претседателот на собранието на Косово, Глаук Коњуфца, со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, и со претседателот на владата, Албин Курти.
Во рамките на посетата предвидени се и средби на Џафери со претседателите на политичките партии во Република Косово, односно со Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Лумир Абдиџику, претседател на Демократскиот сојуз на Косово и Рамуш Харадинај, претседател на Алијансата за иднината на Косово.
По покана од домаќинот Коњуфца, Џафери ќе присуствува на активностите по повод чествувањето на 24-годишнината од епопејата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), со тоа што ќе присуствува на свечената седница на собранието на Република Косово и на парадата на припадниците на безбедносните сили на Косово, како и ќе положи свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК, командантот Адем Јашари, во Меморијалниот центар во Преказ – „Скендерај“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку обновливи извори на енергија

„На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели. Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа“, велат од Владата.
„Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.
Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.
Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем“, соопштуваат од Владата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.