Спорт
Украина бара одложување на баражот за пласман на СП
ФИФА објави дека Фудбалскиот сојуз на Украина, поради руската инвазија врз оваа земја, побарал да биде одложено нивното учество во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Украина во полуфиналето на 24 март треба да гостува во Глазгов кај Шкотска.
ФИФА информира дека разговараат со УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Шкотска, со цел да биде донесена најдобрата одлука.
Победникот од натпреварот Шкотска – Украина за место на мундијалот ќе игра против подобриот од дуелот Велс – Австрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ферари во азурно сина боја на ГН на Мајами
Шарл Леклер и Карлос Саинц, возачи на Ферари, на трката во Мајами ќе возат визуелно малку поинакви автомобили на италијанскиот производител.
Тие двајца ќе седат во автомобилот во азурно сини комбинезони, кои ќе имаат детали во иста нијанса.
Со ова ќе и се оддаде почит на „Скудерија“, со оглед на тоа што ова беше оригиналната боја на тој тим пред да се префрли на препознатливата црвена боја.
Автомобилот ќе има две нијанси, „Плата“ и „Дино“. Првата е поврзана со Алберто Аскари, светски шампион во 1952 и 1953 година, а втората со униформите на неколку возачи, меѓу кои Клеј Рагацони и Ники Лауда.
Во 1974 година, двајцата заедно се искачија на подиумот на Големата награда на Холандија. Тие униформи многу ги сакал и Енцо Ферари.
Ова не е Ферари на ваков начин да оддава почит. Пред две години во Монца имаа „Модена жолта“ на своите болиди, кога легендарната патека го прослави 100. роденден.
Спорт
Трабзон се договорил со Баришиќ, го чека и Лундстрам
Борна Баришиќ (31) на крајот од сезоната го напушта Глазгов Ренџерс и ќе потпише договор со Трабзонспор. Шкотските медиуми, турскиот новинар Емре Сел и италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре пишуваат дека левиот бек хрватската репрезентација по шест години ќе го смени клубот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Трабзонспор „ставил богати понуди на маса“ за Баришиќ и неговиот соиграч, англискиот играч за врска Џон Лундстрам (30), при што хрватскиот фудбалер прифатил.
Баришиќ наводно ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. На Лундстрам му бил понуден тригодишен договор, но тој се уште не го прифатил бидејќи е фокусиран на крајот на сезоната со Ренџерс.
Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган не сакаше да го потврди договорот со Баришиќ и преговорите со Лундстрам, но истакна дека се надева дека наскоро ќе склучи неколку зделки.
Тренерот на Ренџерс, Филип Клемент изјави дека не сака фудбалерите во иднина да заминуваат без обесштетуање и го посочи Баришиќ чии договори истекува и тој како слободен играч ќе го напушти „Ајброкс“.
Баришиќ играше за БСК од Бијело Брдо, Динамо, Локомотива и Осиек, во 2018 година замина во Ренџерс во трансфер вреден 2.450.000 евра. Досега со шкотскиот гигант освои три трофеи.
Спорт
Струга Трим Лум спогодбено се раздели со тренерот Дуро
Извор/ facebook.com/Fcstruga
Актуелниот македонски шампион, Струга Трим Лум, на три кола до крајот на сезоната се раздели со тренерот Шпетим Дуро.
Стружани, во изминатиот период играа во променлива форма, а вчера во 30.коло доживеаја пораз од Тиквеш во Кавадарци (3:2). Овој пораз му пресуди на Дуро, кој со клубот договорил спогодбен раскин на соработката.
„ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим во домашното првенство и европските натпреварувања, му посакуваме и многу успеси“, стои меѓудругото во клупското соопштение објавено на „Фејсбук“.
Во последните три кола Струга, Шкупи и Шкендија влегуваат со по 58 бода.