концерти
Концерт на „40ЕСДЕНА“ и Dead Man’s Hat во МКЦ
На 12 март, со почеток од 21 часот, во МКЦ, ќе се одржи концерт на бендовите „40ЕСДЕНА“ и Dead Man’s Hat.
Концертна промоција на албумот „И ноќи“ на триото „40ЕСДЕНА“ како последен терминал на блиску 170 часа импровизаторски сесии, снимени на повеќе локации во Скопје во текот на годините од 2009 до 2021. „40ЕСДЕНА“ го сочинуваат Јоана Ристеска – 80 Hz > 1200 Hz, Венцислав Смаќоски – 50 Hz > 250 Hz и Саша Павловиќ – 40 Hz > 400 Hz. Албумот „И ноќи“ ќе биде издаден како USB flash издание на 12 март. Концертот во салата „Фросина“ е посветен на Харков.
Dead Man’s Hat е инди/dream pop/алтернативен фолкрок-бенд од Софија, Бугарија, предводен од пејачката Ража ел-Мадхун и челистката Илијана Георгиева. Во 2019 година го издаваат својот деби-албум Emotional Shortcut, продуциран од главните членови на бендот, како и од Бугарското национално радио. Албумот беше емитуван во повеќе од 50 земји во светот. Нивниот деби-сингл After Midnight бргу ги освои бугарските топ-листи искачувајќи се меѓу првите на Bulgaria’s Top 40-листата водена од Бугарското национално радио, а нивниот втор сингл Little Cars се најде меѓу првите на Top 20-листата.
Dead Man’s Hat настапува на многу локални фестивали, како Kapana Festival, Sofia Breathes Fest, Sofia Film Fest, One Design Week. Во 2018 година Dead Man’s Hat настапува како предгрупа на познатиот бенд Ostava во заедничка турнеја отворајќи врата за нивните концерти во Холандија и Германија. Верувале или не, нивната музика го импресионира и самиот Бен Каплан, па следствено на тоа настапија како предгрупа на неговиот концерт во Софија пред некој месец. Dead Man’s Hat го издава своето најново EP ‘Never Gonna Let You Go’ на 11 март, точно 24 часа пред нивниот прв концерт во Скопје.
www.soundcloud.com/deadmanshathere
LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа што е кофинансирана од програмата на „Креативна Европа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

