Црна хроника
Приведен скопјанец, кој илегално превезувал мигранти од Куба

Скопјанец бил затекнат додека илегално превезувал мигранти на автопатот Неготино – Демир Капија.
„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Г .Ц. (41) од Скопје. При преглед на патничко моторно возило ‘сеат леон’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г. Ц., биле пронајдени двајца илегални мигранти од Куба“, информираа од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициската станица Неготино и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.