Спорт
Пандев: Во Парма пронајдов вистинско фудбалско семејство

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, вели дека е среќен на „Енио Тардини“ и во Парма пронашол ново фудбалско семејство. Тој посочува дека е воодушевен не само од пречекот во клубот туку и од фактот што првиот човек на клубот е голем фудбалски фан.
„Во Парма пронајдов ново фудбалско семејство и многу сум среќен поради. Знаев дека доаѓам во голем клуб со фантастични навивачи, а претседателот Краусе ме изненади колку многу го сака фудбалот. Тој на секој тренинг е со нас, се грижи за сите и тоа е навистина нешто посебно. Дојдов во Парма затоа што верувам дека можеме до плејофот, иако заостануваме многу бодови, но има и многу натпревари за играње до крајот. Јас и сите во клубот веруваме дека можеме да ја оствариме целта“, истакнува Пандев.
Тој закрепнува од повредата што го оддалечи од теренот во изминатите две седмици.
„Фокусиран сум на Парма и работам напорно за да се вратам на теренот. Паралелно работам и терапии и тренинзи, па немам време да размислувам на ништо друго. Концентриран сум на Парма и сакам што побргу да се вратам на теренот за да им помогнам на соиграчите за нови победи“, вели Пандев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин