Контакт

Компании

Министерката за одбрана во работна посета на АУЕ-ФОН

Објавено пред

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, денеска оствари работна посета на Американскиот универзитет на Европа-ФОН. Посетата на министерката која е резултат на постојниот меморандум за соработка потпишан помеѓу двете институции, се реализираше со цел да се дефинираат понатамошните заеднички чекори и идни активности, кои ќе придонесат за продлабочување на односите помеѓу Министерството за одбрана и АУЕ-ФОН.

dobivaj vesti na viber

За средбата беше заклучено дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во иднина, при што постојниот договор ќе се надогради со нова програма и активности од заеднички интерес за двете институции преку искористување на научните, стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови од двете страни, во насока на унапредување на вештините и знаењата на студентите од универзитетот и за вработените во Министерството за одбрана.

Во таа насока, двете страни страни на состанокот се согласија дека соработката ќе се интензивира преку практиканство за студентите од АУЕ-ФОН кое ќе се реализира во рамките на Министерството за одбрана, како и преку размена на знаења и организирање на курсеви за доедукација за потребите на вработените од министерството.

„Соработката со образовните институции е неопходна и мора да ја продолжиме, бидејќи образованието ги проширува хоризонтите. Институциите на државата треба да се отворат кон високобразовните институции и заеднички да соработуваат со цел на младите да им се овозможи еднаков пристап во нивна едукација и усовршување“ истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на средбата со првиот човек на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски.

Министерката Петровска потенцираше дека министерството за одбрана со задоволство ќе ги отвори вратите за студентите од АУЕ-ФОН за да се стекнат со вештини, коишто ќе им помогнат во градење на нивната идна професионална кариера.

Директорот на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски, пред министерката Петровска истакна дека универзитетот како високобразовна институција со 19 годишно искуство доследно го почитува Законот за високо образование и со своето професионално работење создава кадри, односно дипломи коишто имаат вредност и квалитет.

„Образовните иснтитуции треба да ја задржат својата образовна функција и да креираат кадри коишто ќе бидат подготвени за влез и лесно прилагодување во професионалниот свет. Затоа, нашиот универзитет е фокусиран постојано да инвестира и да се прилагодува на потребите на општеството, при што со нашиот кадровски и студентски потенцијал сакаме да помогнеме и да придонесеме за подобрување во делот на здравствениот систем, безбедноста, економијата и останатите области“, додаде Цаноски.

Работни групи од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и од Американскиот универзитет на Европа-ФОН во наредниот период ќе се фокусираат на изработка на долгорочна програма во која што прецизно ќе се дефинираат идните чекори и активности за соработка меѓу двете институции.

Економија

„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација

Објавено пред

Компанијата „Алкалоид“ започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување.

dobivaj vesti na viber

„Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на сегментот ПЦ Фармација, преку имплементирање на современата софтверска платформа AlkaLIMS (Laboratory Information Management System). Спроведувањето на овој нов проект значи интегрирање на сите лабораториски процеси, вклучувајќи ја секоја процесна фаза – од земање примерок до издавање сертификат за анализа на производ во рамките на една дигитална платформа.

AlkaLIMS како софтверско решение се имплементира со цел значително унапредување на повеќе аспекти од лабораториското работење во рамките на Контрола на квалитет, Истражување и развој и Технички опeрации за произвoдство, меѓу кои: зголемување на ефикасноста и на продуктивноста; унапредување на регулаторната усогласеност, на можностите за обезбедување интегритет и следливост на податоците и на процесите поврзани со контрола на производите; централизирано управување со податоци; интеграција на севкупната аналитичка опрема во една платформа; намалување на оперативните трошоци и стимулација на процесите за континуирано подобрување.

Како напредно и отворено софтверско решение, AlkaLIMS нуди можност за тековно надградување со нови модули, во согласност со потребите на компанијата. Партнерска компанија на „Алкалоид“ во овој проект е светски реномираната корпорација LabWare од Соединетите Американски Држави.

AlkaLIMS е од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, но и значајна референција во амбициозната агенда на „Алкалоид“ за целосна дигитална трансформација. Kако глобална и иновативна компанија, „Алкалоид“ континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија, а приспособливоста и искористувањето на иновативните технологии се важен императив во насока на унапредување и на усовршување на сите аспекти во работењето.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Возилата Грин Машинс на БРАКО на саем во САД

Објавено пред

На саем во САД, БРАКО ги изложи своите електрични возилата за чистење Грин Машинс, претставувајќи ги пред претставници на локалните власти и специјализирани комунални претпријатија од сите сојузни држави на настан во Атланта, Џорџија.

dobivaj vesti na viber

Станува забор за најпознатиот саем за комунални работи во САД „Public Works Expo “, кој беше посетен од одговорните лица за комунални прашања од стотици американски градови.

Еколошките и технолошки напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во македонската фабрика Брако, предизвикаа голем интерес поради нивниот модерен дизајн, ефикасноста и ефективноста што ја покажуваат при чистењето, економичноста и еколошките карактеристики.

На саемот беа изложени електричните модели 500 ZE и 400 ZE, како и унапредениот дизел модел 636, кои се најпродавани модели во палетата и се користат во повеќе од 60 земји на сите континенти во светот.

Возилата Грин Машинс се продаваат на американскиот континент преку фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија и преку застапништвото во Мексико.

На саемот за комунални работи PWX 2024, кој е во организација на Американската Асоцијација за комунални работи, учествуваа околу 500 изложувачи, меѓу кои и најпознатите светски брендови во сферата на одржувањето хигиена во урбани средини со возила на класичен, електричен и водороден погон, а велешки БРАКО произведува модели на сите три погони.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„А1 Македонија“ прославува со своите корисници: 50 проценти роденденски попуст за 5 години „А1“

Објавено пред

А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар. Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество.

dobivaj vesti na viber

„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги, што претставува потврда за довербата во поглед на достапноста и квалитетот на услугите на компанијата.

„Задоволните корисници се нашиот секојдневен поттик за постојано да се подобруваме и да растеме. Затоа, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваме најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и врвни технологии. Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност. Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“, изјави Мирчев.

Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред. Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 минути

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија1 час

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...

Топ3 часа

Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица

По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека...

Македонија5 часа

Министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на маратонот

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20. издание на Скопскиот маратон, упатувајќи...

Регион5 часа

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со...

Македонија6 часа

Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише...

Македонија9 часа

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји трчаат на денешниот маратон во Скопје

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи...

Македонија9 часа

Денес ќе се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз...

Топ19 часа

Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба...

Македонија1 ден

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија1 ден

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија1 ден

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...

Македонија1 ден

Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите

Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и...

Топ1 ден

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина играјќи фудбал, му се слошило, но лекарите не можеле да го реанимираат

Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот...

Регион1 ден

Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати

Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна...

Свет1 ден

Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај...

Регион2 дена

(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид

Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален...

Регион2 дена

(Видео) Нереални снимки од Босна и Херцеговина, местото се претвори во река, отсечено е од светот

По обилните дождови во Босна и Херцеговина, многу градови беа погодени од поплави, одрони и свлечишта, меѓу кои и Бутуровиќ...

Македонија2 дена

Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“...