Свет
ЕУ сака членство на Украина што е можно поскоро

Иднината на Украина е во Европската Унија и земјата треба да стане членка што е можно поскоро, изјави денеска заменик-шефот на Европската комисија.
„ Сега е време за силна порака. Време е да се сигнализира дека украинскиот народ е една од европските нации. Ги сакаме што е можно поскоро“ – изјави потпретседателот на Комисијата, Марош Шефчовиќ, по состанокот на министрите за Европа на ЕУ во Арл на југот на Франција.
Ентузијазмот за евентуалното членство на Украина во ЕУ се зголеми меѓу европските пратеници по руската инвазија, по страсното барање на претседателот Володимир Зеленски до Европскиот парламент оваа недела.
Но, земјата сепак ќе мора да помине низ истиот процес на членство како и секој друг кандидат, без ветувачка брза рута.
„Најважно е да испратиме многу силен политички сигнал дека размислуваме за членство на Украина. Ние ги гледаме како идна земја членка“ – рече Шефчовиќ.
Во видеообраќањето од Киев до Европскиот парламент на 1 март, Зеленски „веднаш“ побара членство во ЕУ, велејќи дека неговата земја „се бори за опстанок“.
Официјални претставници на ЕУ, иако сочувствителни, велат дека нема кратенка до членството и секој процес на пристапување би бил долг.
Европскиот министер Клемент Боун ја опиша поддршката за перспективите за членство на Украина во ЕУ како „сигнал, перспектива која и ака ќе трае неколку години“.
Шефчовиќ рече дека ЕУ, која изненади некои набљудувачи со единството и силата на нејзиниот одговор на рускиот напад врз Украина, се трансформираше во деновите откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари.
„Работите се менуваат на толку драматичен начин што мислам дека сега е време за храбри чекори и како што Европа беше храбра досега, сигурен сум дека ќе бидеме храбри и на ова прашање“ – додаде Шефчовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.