Црна хроника
Ученичка се лизнала и паднала во Вардар – извадена во бесвесна состојба

Ученичка од Гостивар кога одела кон својот дом се лизнала и паднала во Вардар, соопштуваат од МВР. Девојчето било спасено, но било извлечено во бесвесна состојба
Дванаесетгодишната ученичка вчера околу 16 часот се враќала од училиште по кејот на реката Вардар во близина на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, се доближила до коритото од реката за да фрли камен, но во еден момент се лизнала и паднала во реката. Водата ја носела околу 1 километар и од случајни минувачи била извадена во бесвесна состојба. Девојчето веднаш било префрлено во Медицинскиот центар во Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите била пренесена и задржана на лекување во Ургентниот центар во Скопје, каде дополнително ќе се утврди карактерот на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.