Спорт
Јуве се подготвени да го вратат Погба во Торино

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со Пол Погба. Францускиот ас по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч, речиси сигурно е дека тој ќе го напушти Манчестер јунајтед.
Макс Алегри, тренерот на Јувентус, има желба Погба да се врати во Торино. Спортскиот сектор му нуди три годишен договор и плата каква што има Душан Влаховиќ.
Србинот годишно заработува 7.500.000 евра, а доколку ги реализира бонусите може да дојде до плата од 10.000.000 евра.
Исто така, Јувентус, има желба да го ангажира и германскиот репрезентативец Матијас Гинтер. И Гинтер ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. Тој веќе ги известил челниците на Борусија Мемхенгладбах дека нема намера да го продолжи договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
HalkVeloGreen се враќа во Маврово на 8 септември, пријавувањата се во тек

На 8 септември, Маврово повторно ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со традиционалната хронометар велосипедска трка HalkVeloGreen, која Халкбанк веќе шеста година по ред ја организира во рамките на својата „зелена“ платформа ХалкЕко. Настанот е повеќе од спортска трка, тоа е ден исполнет со енергија, дружење, рекреација и уживање во природата.
HalkVeloGreen и годинава ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници до рекреативци и професионални натпреварувачи. На учесниците им се нуди можност да се натпреваруваат во повеќе категории: Хоби, Млади и Деца.
Посебна атракција претставува и тимското рангирање, кое им овозможува на компании, клубови или групи пријатели заеднички да се пријават, со што настанот добива уште поголема спортска и забавна димензија.
Трката ќе се вози по живописната патека во Маврово, со должини од 12 и 22 километри, прилагодени според категориите. Стартна и звршна позиција е големиот паркинг пред спортската сала во Маврово, со патека која се протега покрај живописните предели до хотелот Радика и назад. Пријавувањето за трката се врши онлајн преку www.trki.mk и трае до 3 септември 2025 година, или до пополнување на предвидениот број места. Котизацијата изнесува 800 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за општествено корисни цели.
Секој учесник ќе добие богат стартен пакет кој вклучува стартен број со чип, медал за завршена трка, освежување, осигурување, подарок од Халкбанк, како и професионални фотографии од трката.
За најдобрите велосипедисти се предвидени и вредни награди. Во категоријата Хоби (мажи/жени) наградата за освоено прво место изнесува 15.000 денари, за второ место – 10.000 денари и за трето место – 5000 денари. Во категориите Деца и Млади наградите изнесуваат 10.000, 5000 и 3.000 денари. Најдобрите тимови ќе бидат наградени со дипломи и медали.
HalkVeloGreen е повеќе од спортска трка, таа е и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Во текот на целиот ден, учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и атмосферата исполнета со позитивна енергија. За забавниот дел од програмата ќе бидат задолжени Викса и ди-џеј Oki Doki, а за најмладите тука е и омиленото слонче Халки кое ќе им подготви интересни активности.
HalkVeloGreen има за цел да потсети дека велосипедизмот не е само спорт, туку и начин на живот – активен, здрав и еколошки одговорен. Со својата мисија да ги обедини спортот, еколошката свест и заедничкото дружење трката станува традиција што инспирира и остава белег.
Трката е поддржана организациски и од Велосипедската Федерација на Македонија.
Спорт
Федерер стана милијардер

Поминаа три години откако Роџер Федерер ја заврши својата кариера, но и покрај тоа популарноста на швајцарскиот тенисер не опаѓа.
Всушност, како што проценува „Форбс“, 44-годишникот од Базел сега има богатство од 1,1 милијарда долари.
Неговото богатство се зголеми благодарение на добриот бизнис на брендот „Он“, кој продава патики.
Федерер, чии родители работеле во фармацевтската индустрија, зад себе има импресивни тениски достигнувања, а во текот на кариерата заработил 131 милион долари само од турнирите.
Пред него се само неговите најголеми ривали, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
„Форбс“, наведува дека Федерер соработувал со огромен број спонзори низ годините, од кои некои соработувал со децении. Меѓу спонзорите чие лице беше Федерер се Lint, Mercedes-Benz, Rolex, Moët & Chandon…
Тој е еден од само седумте спортисти кои станале милијардери додека сè уште биле активни во својот спорт, другите се кошаркарот Леброн Џејмс, боксерот Флојд Мејведер, голферите Фил Микелсон и Тајгер Вудс, и фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Наполи минатото лето одбил 200 милиони евра за Кварацхелија и за Осимен

Сопственикот на Наполи и филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис (76) откри дека минатото летото, за време на Европското првенство во Германија, ПСЖ му понудил повеќе од 200 милиони евра за напаѓачите Хвича Кваратцхелија и Виктор Осимен, објавија италијанските медиуми.
Кваратцхелија беше најдобриот играч на грузискиот Динамо од Батуми и пристигна во Наполи во јули 2022 година во трансфер вреден 13 милиони евра. Нигерискиот централен напаѓач Осимхен дојде во клубот Везув две години претходно и беше најскапиот играч во историјата на Наполи, кој плати 79 милиони евра како отштета за него на францускиот Лил.
Двајцата се истакнаа во сезоната 2022/23, кога Наполи ја освои својата трета италијанска титула по 33 години чекање. Осимен беше најдобар стрелец во лигата со 31 гол, а Кваратцхелија, кој постигна 14 гола и 17 асистенции, беше прогласен за најкорисен играч во Серија А.
„Кваратцхелија брилијантен во својата прва сезона во нашиот клуб, па му понудивме подобар и значително побогат договор во летото 2023 година. Сепак, неговиот менаџер само одложуваше, очигледно веќе имаше други планови тогаш“, рече Де Лаурентис.
Минатото лето, раководството на Наполи доживеа шок кога Осимхен одби да игра за Наполи и побара да биде ставен на трансфер листата.
„За време на Европското првенство во Германија, Осимен нè изненади сите кога рече дека повеќе не сака да игра за Наполи. Отидов во Дизелдорф за повторно да преговарам со менаџерот на Кваратцхелија, а тој ме бомбардираше со приказни за тоа како му должиме пари, кои наводно му беа ветени на Кваратцхелија, а не беа платени. Тоа беше целосна лага.
Потоа ПСЖ понуди повеќе од 200 милиони евра за нив двајца. Ќе беше најлесно доколку тогаш ги продадевме во ПСЖ. Но, ја одбив понудата на ПСЖ затоа што му ветив на тренерот Антонио Конте, кој штотуку го презеде клубот, во врска со играчкиот кадар и не сакав да го прекршам зборот“, објасни Де Лаурентис.
Ултиматумот на Осимен ги врза рацете на сопственикот на Наполи и единствениот избор беше да го испратат некаде на позајмица затоа што имаше договор со Наполи до јуни 2026 година. На крајот, тој заврши на позајмица во Галатасарај, за кој постигна 37 гола минатата сезона.
Кваратцхелија остана во Наполи, но неговите перформанси беа значително послаби отколку во првите две сезони. Во јануари оваа година, Наполи го продаде грузискиот напаѓач на ПСЖ за 75 милиони евра, а нигерискиот центарфор беше продаден на Галатасарај минатиот месец, исто така за 75 милиони евра.
И покрај тоа што не можеше да смета на двајцата најдобри играчи, тренерот Конте успеа да го освои Скудетото минатата сезона со Наполи.