Македонија
Регистрирани 370 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.148 тестови, а регистрирани се 370 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 225, Битола – 24, Прилеп – 23, Кавадарци – 14, Куманово и Велес – по 11, Тетово – 9, Охрид и Кичево – по 6, Гостивар – 5, Струмица, Штип и Ресен – по 4, Неготино – 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција.
Регистрирани сe 391 оздравени пациенти од: Скопје – 209, Кавадарци и Велес – по 22, Битола – 21, Куманово и Прилеп – по 17, Ресен – 9, Охрид, Струмица и Струга – по 8, Тетово, Гостивар и Кичево – по 7, Штип, Гевгелија, Свети Николе и Крива Паланка – по 4, Кочани, Неготино и Богданци – по 3, Пробиштип, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.148 тестови преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-112, Биотек-117, Систина-57, лабораторија Лаор-180, Синлаб-22, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-15, Никоб Лаб-261, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.537.
Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 139688, Активни 1545
Куманово 16295, Активни 135
Битола 14336, Активни 155
Прилеп 13649, Активни 150
Тетово 13332, Активни 84
Кавадарци 10197, Активни 106
Велес 9500, Активни 110
Гостивар 9455, Активни 48
Охрид 8536, Активни 59
Струмица 7918, Активни 29
Штип 7915, Активни 33
Кичево 5446, Активни 58
Кочани 4982, Активни 20
Струга 4652, Активни 27
Гевгелија 4277, Активни 54
Неготино 3616, Активни 32
Свети Николе 2604, Активни 10
Ресен 2606, Активни 44
Радовиш 2479, Активни 10
Крива Паланка 2380, Активни 24
Делчево 1900, Активни 9
Дебар 1644, Активни 11
Берово 1628, Активни 4
Валандово 1459, Активни 3
Виница 1350, Активни 5
Пробиштип 1259, Активни 7
Богданци 1002, Активни 10
Кратово 938, Активни 9
Крушево 908, Активни 4
Демир Хисар 814, Активни 12
Македонски Брод 731, Активни 4
Демир Капија 581, Активни 9
Македонска Каменица 521, Активни 4
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба Милошоски – Клајн: Поддршка од Унгарија кон нашите ЕУ интеграции
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.
Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.
Амбасадорот Клајн ја истакна поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот.
Македонија
Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“.
Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.
„Производи опфатени со повлекувањето:
· APTAMIL AR 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250924 / 111492248 24.09.2026
20251106 / 111505015 06.11.2026
· APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250619 / 111450979 19.06.2026
20260720 / 111470149 20.07.2026
20260922 / 111494041 22.09.2026
20261027 / 111509436 27.10.2026
20261130 / 111518857 30.11.2026
20261219 / 111526365 19.12.2026
20270121 / 111539141 21.01.2027
· APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот) Рок на употреба
20260722 / 111473082 22.07.2026
20260904 / 111489543 04.09.2026
20261014 / 111504828 14.10.2026
20261126 / 111519122 26.11.2026
АХВ со апел потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени.
Македонија
Владата го утврди Предлог-Законот за Советот на јавните обвинители, соопшти Министерството за правда
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители.
Овој закон, како што е соопштено, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.
„Клучни измени во Предлог-законот:
Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот.
Засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието.
Зајакната транспарентност на работата на Советот, преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси.
Воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет.
Детално уредена постапка за разрешување на член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми“.
Од министерството информираат дека Предлог-законот, заедно со Предлог-законот за Јавното обвинителство, добија заедничко позитивно мислење Венецијанската комисија.

