Свет
Кулеба по средбата со Блинкен: Сакаме нови санкции против Русија и повеќе оружје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека очекува наскоро да бидат спроведени резултатите од неговите разговори со американскиот државен секретар Антони Блинкен, вклучително и нови санкции за Русија и повеќе оружје за Украина.
Кулеба им се заблагодари на САД за помошта, но ја повтори надежта за поголема воена помош, особено за воспоставување зони забранети за летови над неговата земја. Одговорот на Блинкен на тоа барање е негативен бидејќи воздухопловните сили би го довеле НАТО во директен конфликт со Русија.
Одбивањето на НАТО да воспостави зона на забранети летови над Украина е фрустрирачко и ќе доведе до уште повеќе цивилни жртви, рече Кулеба на онлајн прес-конференција по состанокот. Тој го опиша како „знак на слабост“.
Кулеба бара од САД повеќе борбени авиони и систем за противвоздушна одбрана
Блинкен и Кулеба се состанаа на границата на Украина со Полска во саботата за да разговараат за поддршката на Западот за Украина и изолацијата на Русија за ставање крај на 10-дневната војна. Украинскиот министер му рекол на својот американски колега дека на неговата земја и’ се потребни борбени авиони и систем за противвоздушна одбрана.
Блинкен, исто така, се состана со полскиот премиер и министерот за надворешни работи претходно во полскиот пограничен град Жешов. На средбата во близина на полско-украинската граница, која во последните денови ја преминаа стотици илјади бегалци, Блинкен го пофали одговорот на Полска на дејствијата на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, додека ги критикуваше европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот.
Во интервју за државниот телевизиски канал Росија 24, Лавров се осврна на средбата на Трамп со Владимир Путин во Алјаска, опишувајќи ја атмосферата како „многу добра“.
„Беше јасно дека лидерот на Соединетите Американски Држави и неговиот тим, пред сè, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, одржлив, сигурен“, додаде Лавров.
Оваа изјава доаѓа еден ден откако Трамп изјави дека прекинот на огнот не е неопходен услов за постигнување мировен договор за време на тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.
Од друга страна, Лавров упати остри критики до европските лидери. Според него, на секој чекор тие инсистирале само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ja снабдуваат Украина со оружје.
Свет
Швајцарија планира укинување на даночната казна за брак

Швајцарија планира да го укине системот на заедничко даночење брачни парови, кој често доведува до повисоки даноци отколку за невенчани двојки.
Поддржувачите велат дека оваа промена ќе поттикне повеќе жени да работат и ќе ја усогласи земјата со практиките на повеќето држави од ОЕЦД.
Сепак, конзервативните партии и црковните групи најавуваат иницијатива за референдум тврдејќи дека реформата ги казнува семејствата со еден примател на приход и би создала милион дополнителни даночни пријави.
Владата проценува дека половина од граѓаните би имале корист, 14 проценти би биле во полоша положба, а годишните приходи од даноци би се намалиле за речиси една милијарда франци.
Свет
Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Во изјава на социјалната мрежа „Тру соушал“, Трамп ја опиша средбата со украинскиот претседател и другите европски партнери како „многу добра“.
Во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател – Емануел Макрон, италијанската премиерка – Џорџа Мелони, германскиот канцелар – Фридрих Мерц, финскиот претседател – Александар Стаб, британскиот премиер – Кир Стармер, претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, и генералниот секретар на НАТО – Марк Руте.
Yesterday, important talks took place in Washington with the President of the United States and European leaders. This was truly a significant step toward ending the war and ensuring the security of Ukraine and our people. We are already working on the concrete content of the… pic.twitter.com/FXGnQfcdzz
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2025
Зеленски се огласи на социјаните мрежи
„Вчера, во Вашингтон се одржаа важни разговори со претседателот на Соединетите Американски Држави и европските лидери. Ова беше навистина значаен чекор кон завршување на војната и обезбедување на безбедноста на Украина и нашиот народ.
Веќе работиме на специфичната содржина на безбедносните гаранции. Денес продолжуваме со координацијата на ниво на лидери. Ќе има дискусии и подготвуваме соодветни формати. Ќе продолжиме да работиме утре. Советниците за национална безбедност сега се исто така во постојан контакт. Ќе има безбедносни гаранции.
Им се заблагодарувам на сите наши партнери за нивната решителност и поддршка. Украина ја чувствува оваа сила. И ние ќе направиме сè за да го направиме патот кон мирот реалност – преку партнерство, преку безбедносни гаранции и преку храброста на украинскиот народ“, објави Зеленски на „Икс“.