Македонија
(Видео) Каевски: Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат проектот БРТ?
„Вчера Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал“, истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Затоа, додаде тој, пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска:
„Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси? Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име? И клучно, дали поради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери. Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски“, истакна Каевски.
Според него, граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција.
„Вака Груевски преговараше со Јанкуловска за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски“, додаде Каевски.
Оценува дека граѓаните очекуваат одговори од Арсовска.
СДСМ, според Каевски, внимателно го следи овој скандал и ги повикува надлежните институции да го разгледаат и да постапат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

