Свет
(Видео) Камион ги урна портите на руската амбасада во јужен Даблин

Голем камион денеска ги урнал портите на руската амбасада во Даблин.
Еден човек е уапсен и одведен во станицата „Ратфарнам гарда“.
Видеоснимката покажува како големиот камион ги урива портите на амбасадата.
Истрагата е во тек.
A large truck has crashed through the gates of the Russian embassy in south Dublin. One man has been arrested pic.twitter.com/aBFYa0M9kk https://t.co/aBFYa0M9kk https://t.co/SL00M5yYq0
— Marian Sobierajski (@marsob47) March 7, 2022
Во Даблин се одржуваат протести против руската инвазија на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху им испрати порака на заложниците

Бенjамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара додадоа лична порака на пакетите за добредојде што ќе им бидат дадени на заложниците по нивното враќање во Израел.
Црвениот крст моментално е на пат кон северниот дел од Појасот Газа, каде што ќе земе неколку израелски заложници, потврди израелската војска.
Црвениот крст потоа ќе ги транспортира до делот од Газа што е под израелска контрола.
Заложниците потоа ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе ги пречекаат нивните семејства.
По средбата, сите ќе бидат однесени во болници. Хеликоптерите на израелските воздухопловни сили се подготвени веднаш да ги префрлат сите заложници на кои им е потребна итна медицинска помош.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп на пат кон Израел, Белата куќа објави снимка од авионот

Трамп е на лет за Израел, каде што треба да се обрати пред израелскиот парламент по ослободувањето на заложниците од Газа.
Портпаролката на Белата куќа објави видео од авионот со пораката: „Нова зора на Блискиот Исток“.
The view aboard Air Force One, as President Trump will soon be landing in Israel.
It’s a new dawn in the Middle East… ☀️🕊️ pic.twitter.com/DzMCf1dS39
— Karoline Leavitt (@PressSec) October 13, 2025
Свет
Првата група израелски заложници наскоро ќе биде ослободена

Првата група израелски заложници што наскоро ќе биде ослободена ќе вклучува шест лица.
Според извештаите на израелските медиуми, Хамас ќе ги ослободи Матан Ангрест, браќата Гали и Зив Берман, Алон Охел, Еитан Мор и Омри Миран.
Шестете заложници ќе бидат ослободени во северна Газа. Останатите 14 живи заложници ќе бидат ослободени подоцна, во други делови од Појасот Газа.
Семејствата на шесте ослободени веќе се известени, објавија израелските медиуми.
Палестински затвореници ќе бидат ослободени од Израел
Додека возилата на Црвениот крст заземаат позиции во Газа, палестинските затвореници се товарат во автобуси во израелските затвори, изјави за Ројтерс функционер вклучен во операцијата.
Според условите договорени во првата фаза од договорот, Израел ќе ослободи 250 осудени Палестинци и 1.700 лица уапсени по нападот на 7 октомври, откако ќе потврди дека сите заложници ја преминале границата.
фото: принтскрин