Свет
Путин им го честита 8 Март на жените

Во специјалната воена операција во Украина ќе учествуваат само професионални војници, најави рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, во војната нема да учествуваат регрути, ниту, пак, ќе бидат повикани војници од резервниот состав.
Во честитката по повод Денот на жената – 8 Март, претседателот им се обрати на роднините на војниците кои сега учествуваат во специјална воена операција, јави синоќа агенцијата РИА Новости.
„Сакам да апелирам до мајките, сопругите, сестрите, невестите и девојките на нашите војници и офицери кои сега се борат, кои ја бранат Русија за време на специјална воена операција. Разбирам како се грижите за вашите најблиски. Можете да бидете горди на нив и целата земја се гордее со нив. Јас се грижам за нив заедно со вас. Нагласувам дека војниците кои служат воен рок не учествувале и нема да учествуваат во конфликти и дека нема да има дополнителен повик за резервисти“, рече Путин.
Тој нагласи дека поставените задачи ги решаваат само професионалните војници и додаде дека е сигурен дека тие ќе обезбедат безбедност и мир за народот на Русија.
Шефот на државата им се заблагодари и на жените кои служат во вооружените сили на Руската Федерација.
„Посебни зборови на почит за жените кои ја извршуваат својата должност, служат во редовите на руските вооружени сили. Ви благодариме за вашата лојалност кон татковината“, рече Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина.
„Ова е првиот опиплив исход од средбата во Ватикан, што навистина го прави историски“, објави Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на погребот на папата Франциско во саботата.
Договорот наскоро треба да биде ратификуван од украинскиот парламент.
Според договорот, Украина ќе обезбеди вредни природни ресурси за да може Вашингтон да продолжи да го поддржува Киев во одбраната на земјата од руската инвазија.
„Договорот значително се промени за време на подготвителниот процес. Сега станува збор за навистина еднакво партнерство, кое создава можности за значителни инвестиции во Украина и значајна модернизација на украинските индустрии и, што е подеднакво важно, нејзините правни практики“, рече Зеленски во неговото вечерно обраќање.
„Договорот не предвидува задолжување. Тој предвидува формирање фонд за реконструкција кој ќе инвестира во Украина и ќе генерира профит. Тоа значи дека ќе работиме заедно со Америка, врз основа на фер услови, обезбедувајќи Украина и САД, кои ни помагаат во одбраната, да заработат пари во ова партнерство“, рече Зеленски.
Договорот, како што додаде, е клучен и за напорите на Киев да ги поправи односите со Трамп и Белата куќа, кои се влошија откако тој ја презеде функцијата во јануари.
Свет
Експлозија во теретана во Виена, повредени пожарникари

ЕНеколку лица се повредени по експлозија, а потоа и пожар во теретана во Виена.
Се сомнева дека експлозијата се случила во сауната на теретаната.
Набргу по експлозијата избувнал пожар.
На местото на настанот брзо пристигнале пожарникарите и брзата помош. Пожарникарите успеале да влезат во салата, а недолго потоа дошло до експлозија. Притисокот од експлозијата оддалечил двајца пожарникари и тие потоа биле повредени.
Друга екипа на пожарникари успеала навреме да го запре пожарот.
Свет
(Видео) Турската полиција на нозе: приведени 384 лица по судирите на протестите

Турската полиција приведе 384 лица кои учествуваа на денешните првомајски собири по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.
Демонстрантите се обидоа да маршираат кон централниот градски плоштад Таксим и беа блокирани и туркани од полицијата, што доведе до судири додека демонстрантите се обидоа да ги пробијат барикадите, објави Ројтерс.
people who carried out a labor day protest in Turkey are detained. Lawyers who come to defend people are not taken to courthouse. Lawyers in Turkey are not taken to the courthouse #ViolenceInTaksim pic.twitter.com/lVWUmGfTot
— T26 (@sendevletmis_26) May 1, 2025
На видеата се гледаат судири меѓу полицијата во антидемонстративна опрема и насобраниот народ.
Синдикатите и невладините организации повикаа на протести и марш во Истанбул, каде во последните недели имаше масовни демонстрации поради приведувањето на градоначалникот и главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Екрем Имамоглу.
Илјадници луѓе се собраа денеска во Анкара на главно мирни маршеви и демонстрации, а собири се одржаа и во други турски градови.