Црна хроника
Кумановец доби кривична зашто ја влечкал ќерка си по улица
Против 39-годишен кумановец е поднесена кривична пријава за кривичното дело „телесна пореда“ при семејно насилство
На 2-ти октомври околу пладне, во семејната куќа во Куманово, осомничениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал и боса ја влечкал по улица неговата 12-годишна ќерка, по што ја избркал од дома. За ова, СВР Куманово до основнот јавно обвинителсто против него поднесе криввична пријава, според која тој може да биде обвинет за семејно насилство и за нанесување телесна повреда. За кривичното дело „нанесување тешка телесна повреда“, пак, е пријавен 24-годишен Гостиварец. Според гостиварската полиција пријавиниот тој во август 2009 г. без повод и причина со тврд предмет нападнал 23-годишен сограѓанец, при што му нанел тешка телесна повреда.Гостиварската полиција поднесе кривична пријава и против 63-годишен жител на тетовското село Калник, кој е обвинет за две прекршувања на Законот за акцизи. Тој во септември пријавениот од непознато лице од пазарот во Тетово набавил 14 штеки цигари без контролни маркици и истите имал сакал да ги препродава во Гостивар, но при обидот бил откриен од инспекторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото
Полицијата уапси 29 годишен неготинчанец откако скопјанка го пријавила дека ја присилил на полово дејствие, ја снимал, а потоа ѝ барал пари за да не го објави видеото.
„На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.

