Контакт

Вести

Јемен: Бунтовниците напредуваат во Аден, околу 550 мртви

Објавено пред

Шиитските бунтовници од племето Хути напредуваа во неделата кон пристанишниот град Аден, втор по големина во Јемен, и покрај воздушните од страна на коалицијата на арапските сунитски држави од Персискиот залив предводени од Саудиска Арабија од која Русија побара прекин на нападите од хуманитарни причини, бидејќи најголем број од жртвите се цивили.

dobivaj vesti na viber

Истовремено шиитски Иран од султанатот Оман побара да помогне воздушните напади веднаш да бидат прекинати, пишуваат иранските медиуми. Оман, кој е во добри односи со Техеран, е единствената монархија во Персискиот залив која не учествува во коалицијата која собра десет арапски земји.

Меѓутоа, и покрај воздушните удари кои започнаа на 26-ти март, шиитските бунтовници чија племенска милиција „Ансар Алах“ уште на почетокот од минатиот месец го зазема главниот град Сана и области на северот и во централниот дел од земјата, напредуваат кон Аден, откако во неделата ја заземаа зградата на покраинската управа и се приближуваат кон пристаништето, изјавил за AFP локален функционер, лојален на владата на претседателот Абд Раба Мансур Хади, кој откако ја напушти Сана се префрли во Аден, но од минатата седмица пребега во Саудиска Арабија.

Хутите, се сојузници со силите лојални на претседателот Али Абдулах Салех кој мораше во 2012 година да се повлече во власта по бунтовите од ткн Арапска пролет кои го зафатија и Јемен во 2011 година. Арапските медиуми наведуваат дека Хутите бомбардирале и некои станбени населби во Аден, што е првпат да има такви извештаи, при што според очевидци запалиле повеќе домови, поради што десетици семејства морале да побегнат. Коментирајќи ги овие бомбардирања, портпаролот на сунитската арапска коалиција, саудискиот генерал Ахмед Асири, ги обвини Хутите дека „спроведуваат терор над цивилите“.

Телевизиската станица Aden TV, која е лојална на претседателот Хади, била изложена на гранатирање, коешто, исто така, им се припишува на бунтовниците, што ја принудило да го прекине емитувањето на програмата. „Зградата е оштетена, но нема човечки загуби“, рекол за AFP директорот на телевизијата.

Според прелиминарниот извештај од неделата, пет цивили загинале а 14 се ранети во судирите меѓу Хутите и приврзаниците на Хади во две населби во близина на редакцијата на телевизијата. „Меѓу ранетите има и деца“, изјави директорот на здравствената служба, Ал Хадер Ласуар.

Бунтовниците во четвртокот ја заземаа претседателската палата во Аден, но во петокот рано утрото се повлекоа од комплексот поради воздушните напади на коалицијата.

Многу земји во светот, меѓу кои Русија, Индија, Индонезија и Пакистан, ги евакуираа деновиве своите државјани, а Кина, Џибути и Судан тоа требаше да го сторат во неделата, додаде саудискиот генерал Асири. Меѓутоа, портпаролот на коалицијата во своето обраќање до медиумите во неделата изјави дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој во неделата требаше во главниот град Сама да испрати авион со хуманитарна помош, побарал таа операција да биде одложена. Хутите, кои го контролираат аеродромот во Сана, не дозволиле испраќање други авиони за евакуација на странските државјани, особено Суданците, додаде.

Со брод на француската воена морнарица во саботата 44 лица од повеќе земји беа евакуирани од пристаништето Балхар, 380 километри источно од Аден. Тие патуваат кон Џибути, соопшти француското министерство за одбрана.

Турција евакуирала во неделата од Сана со авион 230 луѓе, меѓу кои и странски државјани, кои се упатени кон Истанбул, објави на Twitter, шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. Во евакуацијата се ангажирани турските поморски сили, турски дипломати и претставници на воздухопловната компанија „Turkish Airlines“, како и дека со неа биле опфатени 185 државјани на Турција и 45 странци, прецизира весникот Sabah. Претходно во петокот Анкара со брод од Аден во Џибути евакуираше 55 свои граѓани, кои потоа со авион се префрлија во Турција.

Во неделата навечер и Пакистан соопшти дека сепак успеал од Јемен да евакуира 134 луѓе. Во авионот кој слетал во Исламабад доцна вечерта, имало 134 Пакистанци, двајца Канаѓани и двајца Суданци, пренесува Reuters. Досега Пакистан од Јемен евакуирал 850 свои граѓани.

Индија соопшти дека евакуирала 440 свои државјани, како и дека во Јемен може да се наоѓаат околу четири илјади индиски државјани. Се додава и дека за Њу Делхи ова е четврта евакуација на свои граѓани од зоните на конфликти за нецела година, откако такви операции претходно беа преземени во Украина, Ирак и Либија.

Додека низ земјата се шири насилството, бидејќи на спротивната страна од Јемен напредува и терористичката Ал Каеда на Арапскиот полуостров, невладините организации изразуваат загриженост поради хуманитарната ситуација и големиот број цивилни жртви. Според официјалните податоци кои Обединетите нации ги објави во неделата навечер, од 19-ти март досега во Јемен загинале најмалку 549 луѓе, а 1.707 се ранети. Од нив најмалку 217 се убиени цивили и 516 се ранети, од кои најголем број се од двојниот самоубиствен бомбашки напад на сунитските радикали врз две шиитски џамии во Сана на 20-ти март./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет46 минути

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа1 час

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет2 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа2 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа2 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија10 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ11 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија16 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија19 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија21 час

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...