Европа
(Од минута во минута) Бомбардирано породилиште, Москва ја обвинува Украина дека со помош на САД развивала биолошко оружје, Вашингтон и Киев негираат
Четиринаесетти ден од руската инвазија врз Украина
Клучни настани денес:
Украина соопшти дека Русите ги бомбардирале породилиштето и детската болница во Мариупол
Украина, главен извозник на храна, го забрани извозот на некои житарки, што ги зголеми стравувањата од пораст на цените, па дури и недостиг на храна.
Американскиот претседател Џо Бајден ја потврди целосната забрана на САД за увоз на руска нафта, гас и јаглен, Британија воведува постепена забрана, ЕУ работи на намалување на зависноста од рускиот гас
Голем број компании се повлекуваат од Русија, а последни се Пепси, Кока-Кола, Мекдоналдс и Старбакс
Русија ги повика САД да ја појаснат ситуацијата со, како што тврдат, „воената биолошка програма во Украина“, додека Вашингтон ваквите тврдења ги отфрли како апсурдни дезинформации
Од минута во минута:
21:53 Зеленски: Само со директни разговори со Путин може да се стави крај на оваа војна
„Не станува тука збор од што би можеле да се откажеме. Во секое преговарање мојата цел е да се стави крај на војната со Русија и во таа смисла сум подготвен на одредени чекори. Компромисите се неопходни, но тие не смеат да бидат предавство. И другата страна мора да биде подготвена за компромиси, затоа се нарекуваат компромиси. Тоа е единствениот излез од оваа ситуација. Но, сè уште не можам да зборувам за детали. Не остваривме директен контакт меѓу двајцата претседатели, а сепак само со директни разговори меѓу двајцата претседатели може да се стави крај на оваа војна“, заклучува украинскиот претседател во интервју за германски „Билд“.
21:43 ЕУ воведува санкции за 160 Руси
Европската унија најави нови санкции против 160 руски граѓани во најновиот пакет санкции насочени кон поддржувачите на Владимир Путин.
Санкциите ќе погодат 14 олигарси и бизнисмени, како и 146 членови на горниот дом на рускиот парламент или Сенатот кои го поддржаа признавањето на сепаратистичките региони на југот на Украина.
21:30 Заврши примирјето во Украина
Во 21 часот по локално време заврши 12-часовниот прекин на огнот меѓу Украина и Русија.
Применет е во шест украински региони, вклучувајќи ги областите како Мариупол, Харков и предградијата на Киев, каде што руското гранатирање беше најинтензивно.
20:44 САД поставија два моќни ракетни системи „Патриот“ во Полска
„Патриот“ се ракетни системи кои можат да пресретнат и уништат балистички ракети, авиони и крстаречки ракети. Тие се широко користени на Блискиот Исток.
20:20 (Фотовест) Колички на полската граница за украинските бегалци

Strollers for refugees and their babies fleeing the conflict from neighbouring Ukraine are left at the train station in Przemysl, Poland, Wednesday, March 2, 2022. (AP Photo/Francesco Malavolta)
20:10 Кулеба итно бара авиони по рускиот напад во породилиштето во Мариупол
„Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега! Животите се губат додека ова се разгледува одново и одново“, напиша Кулеба на Твитер.
19:47 Орбан: Унгарија не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас од Русија
На Унгарија се’ уште и’ се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи кон САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Русија ги повика САД да ја појаснат ситуацијата со, како што тврдат, „воената биолошка програма во Украина“, додека Вашингтон ваквите тврдења ги отфрли како апсурдни дезинформации.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија открила докази за оваа воено биолошка програма за време на „специјалната воена операција“ во Украина.
Таа рече дека Русија има документи кои покажуваат дека украинското министерство за здравство наредило уништување на примероците на чума, колера, антракс и други патогени по 24 февруари, откако почна руската инвазија. Захарова тврди дека оваа програма ја финансирал Пентагон.
19.00 СЗО потврди 18 напади врз здравствени установи во Украина
Светската здравствена организација (СЗО) потврди 18 напади врз здравствени установи, здравствени работници и амбулантни возила во Украина, што резултирало со десет смртни случаи и 16 повредени, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
18:20 Шефот на американската дипломатија: Хуманитарните коридори кон Русија се апсурдни
На брифингот за медиумите во Вашингтон, американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен рече дека Западот е обединет и во санкциите и во зголемувањето на помошта за Украина.
Тој го повика Путин да им дозволи на украинските цивили веднаш да се евакуираат.
„Хуманитарните коридори кон Русија и Белорусија се апсурдни“, рече тој.
18:00 (Интервју) Нано Ружин: Војната во Украина нема да трае повеќе од еден месец
Путин е непредвидлив човек и според светските аналитичари никој не знае што точно сака и каде ќе застане по инвазијата на Русија врз Украина, вели во видеоинтервју за „Макфакс“ поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.
Според Ружин и кај двете страни во руско-украинскиот конфликт постои желба за договор.
17:24 ОН: Најмалку 516 цивили загинаа во Украина
Канцеларијата на ОН за човекови права потврди дека најмалку 516 цивили загинале, а 908 се ранети во војната во Украина, која започна пред две недели.
17.00 Зеленски објави видео од бомбардирано породилиште: „Под урнатините има деца“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук објави видео од породилиштето, кое, според Украинците, денеска го бомбардирале Русите.
„Мариупол. Директен удар од руските сили во породилното одделение. Децата се под урнатини. Злосторства! Уште колку светот ќе биде соученик и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото сега! Престанете да убивате! Имате моќ, но се чини дека го губите човечкото во вас“, рече Зеленски.
16:12 Пакистан до Западот: Ние не сме ваши робови кои ќе прават што и да кажете
Пакистан го отфрли барањето на Западот да ја осуди руската акција во Украина, а пакистанскиот премиер Имран Кан им кажа на западните дипломати дека Пакистанците „не се нивни робови“.
„Што мислите за нас? Мислите дека сме ваши робови кои ќе направат што и да им кажете?“, револтирано одговори пакистанскиот премиер. Имран Кан потсетува дека последниот пат кога Пакистан ги поддржа активностите на САД и НАТО во Авганистан, земјата беше преплавена со бран насилство и незадоволство.
16:00 Холандија не е подготвена да се откаже од руските нафта и гас
Холандија сè уште не е подготвена да се откаже од нафтата и гасот од Русија, но ќе работи на транзицијата на земјата кон зелена економија. Ова го изјави холандскиот премиер Марк Руте пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „фашистичките практики“ против Русите фрлаат сенка врз „легитимната борба“ на Украина.
Тој рече дека земјата ги отфрла сите потези кои личат на лов на вештерки против рускиот народ, уметност, научници или уметници.
„ Како што не би ја напуштиле Украина, не прифаќаме практики слични на лов на вештерки против рускиот народ, литература, студенти или уметници“, изјави Ердоган пред Клубот на претставници на владејачката Партија на правдата и развојот во големото турско национално собрание.

15:30 МНР: Учеството во која било туѓа војска е кривично дело
Министерството за надворешни работи предупредува дека учеството во која било туѓа војска е кривично дело.
„Како земја пријател на Украина имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.
15:20 Велика Британија им забрани на своите војници да се борат во Украина
Предупредувањето уследи по извештајот на „Сан“, во кој се наведува дека 19-годишен гардист, со седиште во Виндзор, напишал проштално писмо до своите родители и купил билет за Полска во текот на викендот, со намера да премине во Украина.
14:50 Зеленски потпиша нов закон: За предавство доживотна казна затвор
Изгласан е амандман на законот за враќање на огненото оружје и муницијата на цивилите за да се заштити земјата за време на војната и предвидува дека цивилите не се одговорни за употребата на огнено оружје против лица кои вршат вооружена агресија врз Украина.
Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат во одбивањето и одвраќањето на вооружена агресија од страна на Руската Федерација и/или други земји, користејќи сопствено наградно оружје, спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки), ловечки пушки, или комбинирани залихи оружје.

13:45 Велика Британија заплени авион на руски олигарх
Велика Британија заплени приватен авион за кој се сомнева дека му припаѓа на рускиот олигарх Јуџин Швидлер.
UK impounds private jet linked to oligarch Eugene Shvidler as part of sweeping sanctions on Russia https://t.co/ImSVoZ7J1q
— MSN (@MSN) March 9, 2022
Британскиот министер за транспорт Грант Шапс изјави дека авионот, кој бил регистриран во Луксембург, бил киднапиран на аеродромот Фарнборо на југот на Англија и дека британските власти се обидуваат да утврдат кој е сопственик, пренесува АП.
13:00 Ризик од радијација – нуклеарната централа „Чернобил“ остана без струја
Радиоактивните супстанци би можеле да бидат ослободени од украинската нуклеарна централа во Чернобил, бидејќи таа не може да го лади потрошеното нуклеарно гориво откако ѝ беше прекината врската со електричната енергија.
12:05 Улиците во Мариупол полни со трупови – жителите имаат храна уште три дена
Украинскиот пратеник Дмитриј Гурин изјави за Би-би-си дека властите во Мариупол, град во југоисточна Украина под опсада на руските сили, веруваат дека имаат залихи со храна уште само три дена.
Гурин, чии родители живеат во Мариупол, рече дека од канцеларијата на градоначалникот му било кажано дека улиците се полни со трупови и дека властите биле „принудени да ископаат масовна гробница за 33 лица, бидејќи гробиштата биле недостапни поради гранатирање“.
11.55 Марија Захарова: Состојбата на Зеленски е несоодветна
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска изјави дека е неопходно да се анализираат изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вклучително и оние за влез во НАТО, оценувајќи дека неговата позиција е „несоодветна“
11.35 „Њујорк тајмс“ ги повлекува сите дописници од Русија
„Њујорк тајмс“ ги повлече сите свои дописници од Русија, што е првпат по повеќе од еден век весникот да нема новинари на терен
11.25 Го прекинуваат бизнисот: Русите нема да имаат ниту кока-кола
„Кока-Кола“ соопшти дека ја прекинува својата работа во Русија
11.15 „Пепси“ донесе одлука: Ја прекинуваме продажбата на нашите пијалаци во Русија
„Пепси“ ја суспендира продажбата на своите безалкохолни пијалаци и светски брендови на пијалаци во Русија по инвазијата на Украина, пишува Блумберг
11.00 KFC и Pizza Hut ја прекинаа работата во Русија
Во Русија се затвораат големите синџири за храна KFC и Pizza Hut.
10.50 Европската Унија воведува нови санкции кон Русија
Земјите членки на Европската Унија се договорија за нови санкции против руските лидери и олигарси поради инвазијата на Украина, објави утринава „Ројтерс“.
10.30 Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина по средбата Лавров и Кулеба?
Додека светот чека нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, извор близок до организацијата на преговорите во Белорусија за руските медиуми изјави дека постојат индиции дека тоа ќе се случи по средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина.
10.15 Зеленски разговараше со Трудо: Канада стои зад Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо
10.00 Германски министер ја нападна Ангела Меркел поради Русија
Министерот за земјоделство на Германија, Хем Ездемир, вината за зависноста од руската енергија ја гледа во надворешната политика што ја води поранешната канцеларка Ангела Меркел
09.55 Русија најави жесток одговор на западните санкции
Русија предупреди дека работи на голем и жесток одговор на западните санкции, за кои тврди дека ќе бидат брзи и ќе се почувствуваат во „најчувствителните области“, пишува „Ројтерс“
09.45 (Видео) Уништени руски возила во Суми
Украинските копнени сили објавија снимка од беспилотно летало на кое се гледаат уништени делови од градот
09.35 Успешна евакуација на цивили: Околу 5.000 луѓе го напуштија Суми
Околу 5.000 луѓе и 1.000 автомобили се евакуирани од Суми, град во североисточна Украина, изјави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко
09.25 Русија загуби 12.000 војници, 49 авиони, 81 хеликоптер
Независниот весник Киев објави индикативни проценки за загубите на Русија од 9 март, според Вооружените сили на Украина
9:15 Русија има нов доказ дека Украина планирала напад на Донбас
Руското Министерство за одбрана тврди дека дошло до тајни документи кои „докажуваат“ дека Киев планирал напад врз сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина
09.10 Директорот на ЦИА: Путин е лут, не го зеде Киев за два дена како што беше планирано
Вилијам Брнс, директор на Централната разузнавачка агенција, повтори дека верува оти Русија најверојатно нема да се откаже, а рускиот лидер Владимир Путин е лут и фрустриран затоа што не го презел Киев за два дена, како што планирал
09.05 Украинскиот актер Паша Ли загина во руското бомбардирање
Талентираниот украински актер и ТВ-водител Паша Ли е убиен додека руските сили го бомбардираа градот Ирпин во близина на главниот град Киев
Мојата земја беше мирна, а метрополите, градовите и селата беа исполнети со радости на секојдневието. На 24 февруари се будиме со најава за почетокот на војната. Тенкови ја минаа украинската граница, авиони го напаѓаат нашиот воздушен простор. Градовите беа опкружени со ракетни фрлачи
08.55 Медински: Се надевам дека на крајот ќе најдеме решение со Украина
Главниот член на руската преговарачка делегација Владимир Медински изјави дека очекува преговорите меѓу Русија и Украина да вродат со плод и од политички и од аспект на воспоставување хуманитарни коридори
08.45 Прв состанок на министрите за надворешни работи на Русија и Украина од почетокот на инвазијата
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ќе се сретнат во Турција, потврди руското Министерство за надворешни работи, јавува Би-би-си
08.35 Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет
Благодарен сум му на претседателот Бајден. Ова е најсилниот сигнал за цел свет. Едноставно е, секој денар платен на Русија се претвора во куршум или проектил испукан кон суверена држава – рече Зеленски
08.30 Русија најави нов прекин на огнот, нов обид за воспоставување безбедни излези за цивилите
Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на висок руски функционер, објави дека Русите ќе прогласат нов прекин на огнот за олеснување на хуманитарните коридори
Главниот украински преговарач Михаил Подољак во интервју за британски „Телеграф“ предупреди дека нема да има напредок во мировните преговори со Русија додека не престанат да пукаат во цивили кои се обидуваат да избегаат низ хуманитарните коридори од опколените градови
08.20 Објавени нови сателитски снимки – рускиот конвој во близина на аеродромот Антонов
Американската компанија „Maxar Technology“ објави нови сателитски снимки на кои е прикажан руски конвој во близина на аеродромот Антонов
Градовите Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сè уште се опколени од руските сили и сè уште се изложени на силно руско гранатирање
08.00 Зеленски: За луѓето кои толку херојски се бранат, сигурно ќе дојде „по војната“
Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави нова видеопорака на својот официјален фејсбук-профил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин
Европа
Што по падот на Покровск?
Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста околу текот на војната и подготвеноста на одбраната на Украина. Искористувајќи го магливото време што ги попречува операциите со беспилотни летала, руските сили ја засилуваат својата офанзива за да ја завршат битката што се влече повеќе од една година, објавува „Киев Индепендент“.
Руските сили се приближуваат опасно кон затворање на украинскиот џеб, оставајќи само коридор широк 10 километри за снабдување на Покровск и блискиот Мирноград, според украинската група за мониторинг „ДипСтејт“. Ситуацијата е критична, а претседателот Володимир Зеленски кон крајот на октомври тврдеше дека руските сили во секторот се побројни осум спрема еден. На 12 ноември, 7-миот корпус на украинските воздухопловни-десантни сили призна дека неодамнешниот голем руски напад со лесни возила бил „делумно успешен“.
Откако ќе го освојат она што остана од Покровск, руските сили веројатно ќе се движат кон градот Добропилија на север, според Паси Пароинен, аналитичар од финската организација „Црна птица група“. Според него, Русија би можела да се обиде да навлезе подлабоко во соседниот регион Дњепропетровск кон градот Межово, но главниот фокус веројатно ќе остане на регионот Донецк. Падот на Покровск, клучна железничка и патна раскрсница, би ѝ дал на Русија значителна логистичка предност за идните офанзиви, особено преку автопатот М30 што ги поврзува градовите со запад.
Пароинен верува дека Русија ќе ги засили и нападите врз Костјантинивка, транспортен центар на околу 50 километри североисточно, кој веќе е опкружен од три страни. Австрискиот воен експерт Том Купер верува дека Русија би можела да се обиде да го отсече Краматорск, регионалниот административен центар, со напредување од Покровск кон Павлоград, а истовремено да притиска на север кон Изјум.
Зад Покровск, Украина се чини дека подготвила „многу сложена мрежа“ од противтенковски ровови и пречки познати како „змејови заби“, рече Пароинен, врз основа на сателитски снимки. Иако главните одбранбени утврдувања се изградени, утврдувањата се покажаа како слаба точка за украинската армија во минатото, што стана очигледно по падот на Авдиевка во 2024 година, кога руските сили продолжија брзо да напредуваат.
Состојбата на украинските единици по исцрпувачката битка ќе го одреди темпото на идните конфликти. Пароинен објаснува дека единиците што го бранат Покровск ќе бидат „многу исцрпени и многу слаби“, бидејќи одбраната на еден џеб бара повеќе сили отколку линеарен фронт. Не е јасно дали украинската армија може да си дозволи да испрати свежи резерви, за кои пензионираниот полковник Серхиј Храбски вели дека се она што најмногу ѝ недостасува на армијата.
„Многу ќе зависи од распоредот на украинските сили по Покровск и Мирноград“, рече Пароинен. „Мислам дека клучното прашање е: Дали вредеше да се задржат овие градови, кои сега се многу тешки за одржување и одбрана?“ Доколку одбраната стане премногу скапа, битката би можела да се претвори во војна на исцрпување што ќе и оди во прилог на Русија. Сепак, Пароинен проценува дека падот на градот веројатно нема значително да влијае на остатокот од фронтот, бидејќи Украина веќе го премести својот логистички центар подлабоко во заднината.
Според украинскиот воен аналитичар Олексиј Хетман, Русија се обидува да внесе што е можно повеќе саботажни групи во самиот Покровск за да нападнат одвнатре. Украинскиот 7-ми корпус на 11 ноември објави дека во градот има повеќе од 300 руски војници. Хетман, сепак, предупредува да не се преценуваат можностите на Русија, истакнувајќи дека Русија посветила четвртина од својата армија во битката што се води веќе година и пол.
Купер, сепак, е попесимист. Тој верува дека освојувањето на Покровск, клучна железничка раскрсница, би било од огромно значење за руската армија, која во голема мера се потпира на железницата. „Покровск веројатно ќе биде многу важно место или нешто како центар од каде што тие имаат намера да го продолжат својот напредок“, рече Купер. „Значи, сега прашањето е дали ќе напредуваат во западен или северен правец“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска
Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска, во саботата навечер, соопшти ирската полиција, објави Скај њуз.
Трагедијата се случила кратко по 21 часот во Гибстаун, Дандалк, кога „фолксваген голф“, во кој патувале петмина пријатели на ноќно излегување, се судрил со „тојота ленд крузер“.
Сите петмина патници во „голфот“ загинале на местото на настанот. Жртвите биле Клое Мекги (23) и Шеј Дафи (21), Алан Мекласки (23), Дилан Коминс (23) и Клое Хипсон (21) од Шкотска.
Друг маж, исто така на возраст од 20 години, кој бил во „голфот“, бил извлечен од возилото и однесен во болница со сериозни, но не опасни по живот повреди. Возачот и патникот во „ленд крузерот“ исто така биле хоспитализирани, но со полесни повреди.
Полицискиот службеник Чарли Армстронг изјавил дека истрагата е во тек и ја пофалил професионалноста на службите за итни случаи кои реагирале во исклучително тешки услови.
„Сцената беше многу тешка, во неповолни временски услови, а професионализмот што го покажаа сите служби за итни случаи и грижата и почитта што им беше покажана на петте починати беше примерена“, рекол Армстронг.
Ирскиот премиер Мајкл Мартин изјави дека е „шокиран и запрепастен“ од веста, додека неговиот заменик Сајмон Харис рече дека „превез од длабока тага паднал врз земјата“.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и пријателите на овие млади луѓе, како и со оние што беа повредени. Исто така, мислиме на нашите служби за итни случаи, кои работеа толку професионално во навистина катастрофални околности“, рече премиерот Мартин.
фото: принтскрин

