Свет
Ризик од радијација – нуклеарната централа „Чернобил“ остана без струја
Нуклеарната централа „Чернобил“ останала без струја, соопшти украинската компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“.
Радиоактивните супстанци би можеле да бидат ослободени од украинската нуклеарна централа во Чернобил, бидејќи таа не може да го лади потрошеното нуклеарно гориво откако ѝ беше прекината врската со електричната енергија, се вели во соопштението.
Работите на поправка на приклучокот и враќање на струјата во електраната, која беше окупирана од руски војници, не беа можни бидејќи борбите се во тек, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Регион
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.
Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.
Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.
Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.