Македонија
Алијанса за Албанците: Владата манипулира – Немаме најниски цени на горива, но најслаба просечна плата
Премиерот Ковачевски и повеќето министри, па дури и Бујар Османи, деновиве трубеа дека Северна Македонија има најевтини цени на горивата во регионот. Ова е скандалозна манипулација и воопшто не кореспондира со реалноста што ја доживуваат граѓаните и домаќинствата, обвинија од Алијанса за Албанците.
„ За да се утврди дали цените на горивата се евтини или не, тие треба да се споредат со просечната нето плата на една земја. Северна Македонија има поевтина цена за центи во споредба со земјите во регионот, но има помала плата која дистигнува до двојно. За споредба, просечната нето плата во Северна Македонија е 486 евра, додека во Босна 515 евра, во Црна Гора 527 евра, во Србија 634 евра и во Хрватска двојно повисока или 962 евра. Според овие официјални податоци, цената на горивото варира од 5 до најмногу 15 отсто или неколку центи, додека просечната плата варира од 30 отсто до 100 отсто или стотици евра.
За да имаме појасна вредност на цената на горивата и просечната плата, потсетуваме дека во Северна Македонија со просечна нето плата може да се купуват 342 литри дизел, додека во Бугарија 456 литри, во Србија 409 литри, во Грција 655 литри и во Хрватска 656 литри дизел“ соопштија од партијата.
Од Алијанса за Албанците ја повикаа Владата итно да ги намали акцизата и ДДВ-то за горивото и да стави крај, како што велат на грабежот на граѓаните во услови на криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа средба меѓу претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој престојува во официјална посета на нашата држава по повод 30-годишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.
Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Советот на Европа ѝ ја дава на Северна Македонија од 1995 година, нагласувајќи дека тридецениското членство претставува потврда на трајната определба за човекови права, демократија и владеење на правото.
Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на парламентарната соработка и на заедничките иницијативи што придонесуваат за поголема видливост на Советот на Европа во регионот.
Претседателот Гаши подвлече дека искуството стекнато преку Советот на Европа е од особена вредност за процесот на пристапување во Европската Унија и дека Собранието ќе продолжи да биде пример за транспарентност, дијалог и посветеност на европските стандарди.
Македонија
За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари
Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица во државата.
„Заинтересираните граѓани сè уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонскиот грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Превентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.
Исто така, почната е и вакцинацијата со комерцијалните вакцини во Центарот за јавно здравје Скопје, а во текот на неделата ќе почне вакцинација и во другите центри за јавно здравје во државата.
Екипите на Центарот за јавно здравје – Скопје вршат вакцинација секој работен ден од 7.30 до 14.30 часот. Цената на комерцијалните вакцини изнесува 700 денари.
Македонија
За еден месец 138 санкции за непрописно вградени фолии
Во периодот од 01 до 31 октомври, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 138 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

